Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД и ЕУ подготвуваат специјален суд за косовските злосторства по 1999 година

0
By Нова ТВ on July 22, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмоќните косовски лидери им прават огромна штета на односите на Косово со САД и ЕУ, а на врвот на тој список се наоѓа Хашим Тачи, поранешен премиер а сега министер за надворешни работи и вице премиер. Тој е најмоќната фигура во земјата, пишува американскиот влијателен сајт Политико кој од неодамна отвори свое допсиништво во Брисел.

НОВА ви ги пренесува најважните делови од текстот објавен на Политико, Брисел.

Тачи и другите членови на политичката елита кои се споменуваат во разузнавачките извештаи во ЕУ и САД како главни фигури на организираниот криминал, велат дипломатите, ги жртвуваат интересите на Република Косово и на нејзините жители за да се заштитат самите себе си од кривично гонење.

Тоа го прават со минирање на напорите на Вашингтон и Брисел кои сакаат да формираат специјален суд кој би отворил истраги против Тачи и другите команданти и војници на УЧК кои биле вовлечени во 400 случаи на киднапирање, нелегално затворање и убиства по бомбардирањето на НАТО на Србија во 1999 година.

Овие косовски лидери, пишува Политико кој наведува изјави на западни дипломати, ја искористиле нивната моќ за го спречат косовскиот парламент да донесе закони и уставни промени кои би дозволиле креирање на специјален суд.

“Ако овие закони не се усвоени, односите на САД со косовската влада и идните влади на Косово ќе се расипат”, вели за Политико западен дипломат кој додава дека САД сакаат да ја покажат својата длабока определеност за истрага на наведените сомневања низ кредибилен процес.

Текстот наведува дека сите западни дипломати зборуваат во еден глас вклучително и бриселските дипломати кои одат на Косово за да преговараат ослободување од визниот режим и договорот за стабилизација и асоцијација.

Жртвите на наведените сомненија за злостори се пред се косовските Срби, Роми и други малцинства. Но помеѓу нив има и Албанци кои биле обвинети за соработка со Србите.

Според Политико, истрагата има собрано многу докази кои покажуваат дека некои од убиствата се поврзани со продажба на органите на жрвите. Истрагата работи и понтаму за да собере доволно докази кои треба да ги изнесе во специјалниот суд.

EУ и САД се уверени дека овој специјален суд и неговата работа можат да бидат само од корист за граѓаните на Косово за да се открие вистината и за да може Косово да се ослободи од организираниот криминал и да ја заживее економијата, како што тоа косовските граѓани го посакуваат.

Овој суд би бил сместен на Косово и би работел според ковоските закони. Но во судот би имало странски обвинители и судии а судењата би се одржувале вон Косово. Само така би можеле и судиите и обвинителите и сведоците да се заштитат од заплашувања и насилство.


Од последната средба Нуланд – Тачи

Сето ова на косовските власти им го има кажано Викториjа Нуланд, висок функционер на американскиот Стејт департмент во текот на нејзината посета на 12 јули годинава. Таа побарала уставните измени да се донесат до 1 август. Нуланд ова им го кажала на Тачи, Рамуш Харадинај и други поранешни членови на УЧК со предупредување дека неусвојувањето на овие закони ќе има “последици” кои таа не ги прецизирала, вели Политико цитирајќи извор од Косово.


Рамуш Харадинај

Во мај годинава, пишува Политико, во ОН Тачи дал поддршка за креирањето на специјалниот суд и рекол дека според него, најголемиот број од сомневањата се без основа. Западните дипломати кои се среќаваат во овој период со него велат дека тој е сосема смирен и без проблем зборува за потребата од специјален суд. Според западните извори Тачи, наводно, бил непријатно изненаден кога косовскиот парлемент не ги изгласал законите кои би овозможиле креирање на овој суд.

Политико разговарал и со албански аналитирачи кои тврдат дека Тачи сега се обидува да се претстави како западне сојузник во борбата против тероризмот.

Поранешен амбасадор кој работел на Косово рекол дека во организираниот криминал со Косово соработуваат сите соседи: Македонија, Црна Гора, Србија, Бугарија, Турција, Албанија.
Овој свет на организираниот криминал, вели Политико, ги корумпирал и западните дипломати од Еулекс, мисијата на ЕУ на Косово која има за задача да се бори токму против организираниот криминал.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.