НАТО документите од коишто неодамна била тргната ознаката “доверливо” откриваат дека екс претседателот на САД Џорџ Буш сениор и екс генералниот секретар на НАТО Манфред Вернер му ветиле на тогашниот претседател на СССР Михаил Горбачев дека Алијансата нема да се проширува кон екс комунистичките земји. Единствената земја за влез во НАТО за која дошле до согласност САД, НАТО и СССР била источна Германија по германското обединување во 1990 година, јавува белгиската агенција Белга.
Светлана Савранскаја и Тон Блантон, истражувачи во Архивите за национална безбедност на Унверзитетот во Вашингтон, ги анализирале декласифицираните документи на НАТО и дошле до заклучокот дека повеќе национални лидери во 1990 година и 1991 година се противеле на влез во НАТО на земјите од централна и источна Европа.
Ворнер, кој беше и министер за одбрана на западна Германија од 1982 година до 1988 година, сметал дека овој договор бил еден вид гаранција дека Москва ќе даде дозвола за влез во НАТО на источна Германија.
Горбачев секогаш тврдел дека СССР ја прифатиле реунификацијата на двете Германии а за возврат било ветено дека нема има ширење на НАТО кон исток.
Според документите на двајцата истражувачи, повеќе западни лидери го убедувале Горбачев дека проширување на исток нема да има а помеѓу нив се Буш сениор, германскиот канцелар Хелмут Кол, шефот на германската дипломатија Ханс-Дитрих Геншер, францускиот претседател Франсоа Митеран, британските премиери Маргарет Тачер и Џон Мејџор како и тогашниот директор на ЦИА Роберт Гејтс.
Овие архиви што доаѓаат од Франција, Германија, Русија и САД можат да се погледнат тука.
Проширувањето на НАТО кон исток започна во 1990 година со влезот на Унгарија, Чешка и Полска и продолжи во наредните години се до 2004 година со влезот на Хрватска и Албанија.

