Вашингтон: Неизбежен ирански напад врз Израел е реална и веродостојна закана, соопшти Белата куќа, а американски официјални лица потврдија за катарската телевизија „Ал Џезира“дека САД може да интервенираат за да му помогнат на Израел да се одбрани од ирански ракетен напад.
Израел не ја презеде одговорноста за воздушниот напад на 1 април во кој беше убиен генерал-мајор Мохамед Реза Захеди, но ајатолахот Али Хамнеи го обвини Израел и рече дека „мора да биде казнет и ќе биде казнет“.
Некои земји, вклучително и Индија, Франција и Русија, ги предупредија своите граѓани да не патуваат во регионот.