Портпаролот на Стејт департментот изјави дека одлуката на американската администрација да ги укине санкциите на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, како и на неговите соработници, е донесена поради конструктивните чекори што ги презеде Народното собрание на Република Српска во изминатите недели, објави „Данас“.
Конструктивните активности, што ги презеде Народното собрание на Република Српска во последните недели, треба да ја подобрат стабилноста на Босна и Херцеговина и ќе овозможат партнерство со САД, засновано врз заеднички интереси, економски потенцијал и заеднички просперитет“, се наведува во писмениот одговор на портпаролот на Стејт департментот.

