Вашингтон: САД очекуваат ирански напад врз Израел, но таков што нема да биде доволно голем за да го вовлече Вашингтон во војна, изјави доцна синоќа американски претставник.
Белата куќа претходно соопшти дека Вашингтон не сака ескалација на конфликтот на Блискиот исток и дека САД му кажале на Иран дека не биле вклучени во воздушниот напад врз иранскиот воен командант во Дамаск.
Белата куќа соопшти дека го предупредила Иран да не го користи нападот како изговор за натамошна ескалација во регионот.