Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сакеларопулу: Европската перспектива на Западен Балкан е од политички и економски интерес на ЕУ

0
By Ivana on February 8, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поддршката на Грција за европската перспектива на Западен Балкан, ја изрази грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за време на средбата со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, додавајќи дека членството на регионот во ЕУ е од политички и економски интерес на самата Унија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грција верува дека во времиња на зголемени глобални предизвици, како што е ова низ кое минуваме, европската перспектива на Западен Балкан, односно нивна целосна интеграција во Европската Унија е од политички и економски интерес на Европската унија, но тоа е и поттик за овие земји да ги направат неопходните реформи, истакна Сакеларопулу.

Додаде дека Црна Гора има направено важен напредок во процесот на преговори и порача дека во рамките на грчката поддршка е и „апсолутната поддршка на Грција на иницијативата на француското претседателство со Советот, за да не се изгуби моментумот на политичката за проширување на Западен Балкан“.

Црногорскиот претседател се заблагодари за континуираната поддршка и помош на Грција во европскиот и евроатлантскиот тек не само на Црна Гора, туку и за сите земји од Западен Балкан.

Сакеларопулу и Ѓукановиќ истакнаа дека нивната денешна средба има особена важност, со оглед на тоа дека е прва на претседател на Црна Гора на Грција по независноста на земјата во 2006 година.

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ утрово ја започна дводневната официјална посета на Грција, на свечена церемонија со највисоки воени и државни причести во претседателската палата беше пречекан од претседателката на Грција.

Освен со Сакеларопулу, се сретна и со грчкиот премиер Кријакос Мицотакис, а планирани се средби и со претседателот на Парламентот Константинос Тасулас со атинскиот градоначалник Костас Бакојанис, а ќе положи и венец на гробот на генерал Васо Брајовиќ Мавровуниотис.

Вечерва, во претседателскта палата Сакеларопулу ќе  приреди свечена вечера во чест на Ѓукановиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.