Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сакеларопулу – Пендаровски: Договорот од Преспа е клучен во односите меѓу Северна Македонија и Грција

0
By Ivana on October 5, 2021 ПОЛИТИКА
epa09506529 Greek President Katerina Sakellaropoulou (L) welcomes President of North Macedonia Stevo Pendarovski (R) during their meeting in Athens, Greece, 05 October 2021. Pendarovski is in Athens on a two-day official visit. EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Договорот од Преспа, неговата целосна и доследна имплементација, можностите за продлабочување на билатералната соработка беа темите на кои се осврнаа претседателите на Северна Македонија и на Грција Стево Пенадровски и Катерина Сакеларопулу во Претседателската палата во Атина.

Двајцата претседатели ја истакнаа важноста на официјалната посета со оглед на тоа дека станува збор за прва на највисоко државно ниво, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот Пендаровски откри дека доаѓајќи кон Атина дознал дека двете комисии кои произлегуваат од Договорот од Преспа имаат договорена следна средба.

– Вашата посета е прва официјална посета на претседател на Република Северна Македонија во мојата земја. Па така добива особена важност и симболика за односите меѓу нашите земји, рече грчката претседателка.

Сакеларопулу ја истакна  важноста што Грција ја дава „за зајакнување на билатералните односи и за европската перспектива на Северна Македонија“.

– Ќе се согласите дека целосно, доследно и со добра волја применување на Договорот од Преспа е клучно за постигнување на овие две цели. Веќе поминаа две и пол години откако Договорот од Преспа стапи во сила. Препознаваме дека од страна на Северна Македонија се направени позитивни чекори, но сепак постојат доста нерешени прашања. Затворањето на овие отворени прашања ќе овозможи понатамошен развој на нашата соработка, рече Сакеларопулу и додаде дека од грчка страна ги разгледуваат сите аспекти на билатералната соработка.

Претседедателот Пендаровски истакна дека иако, како што наведе, не е склон кон политичка патетика, сепак, мора да каже дека оваа посета и средбата со Сакеларопулу имаат секако историска димензија.

– Да имате прва средба на највисоко политичко ниво по 30 години меѓу две земји кои се директни соседи е значајна работа. Ние и претходно имавме одлична соработка, но од 2018 година ја поставивме таа политичка и правна рамка наречена Преспански договор која ни овозможи уште подбро да соработуваме. Вие сте правник, како и јас. Сакам да ви кажам еден правен принцип кој вие добро го познавате, а до кој ние имаме намера да се држиме во однос на Преспанскиот договор – Pacta sunt servanda, што значи дека договорите треба да се чуваат и да се почитуваат, порача Пендаровски.

Се согласи со констатацијата на Сакеларопулу дека многу работи се направени во изминатите две и пол години.

– Јас би рекол најголемиот и најтешкиот дел се имплементирани. Се разбира има уште неколку работи што треба да се завршат и како што реков ние имаме апсолутно јасна политичка волја и намера да го завршиме тој договор до последната буква. Преспа нас ни овозможи да влеземе НАТО и следната наша цел за која ја очекуваме  вашата поддршка е да почнат преговори со Европската Унија и да го заокружиме тој наш евро-атлантскиот сон, нагласи Пендаровски по средбата со Сакеларопулу.

Од Претседателската, претседателот Пендаровски ќе замине за Премиерската палата, каде што ќе има средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а во текот на денот ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.

Во рамки на посетата, претседателот ќе го посети музејот Бенаки, каде што е предвидено разгледување на архивата на Константинос Доксијадис и ќе оствари средба со американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајат.

За време на посетата, претседателот Пендаровски е придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, која што во рамки на дамската програма, ќе ја посети Националната галерија во Атина, во придружба на министерка за култура и спорт на Грција Лина Мендони.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.