Министерот за здравство Беким Сали на прес конференција изјави дека обдукцискиот наод за хрватскиот ракометар Денис Тот ќе го соопшти јавно , како што ветил, откако како Министерство за здравство ќе го добиеле од Судска медицина.
– Сега да не вршиме притисок врз институцијата Судска медицина, јас како што ветив ќе го објавиме јавно наодот, штом ќе го добиеме од оваа институција, изјави Сали.
Ракометарот Денис Тот во утринските часови меѓу 6 и 7 април, беше физички нападнат по што и хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје, каде и покрај обидите за реанимација, тој, сепак, им подлегна на повредите во текот на денот. Полицијата првично објави дека Тот бил без видливи траги на насилство, но снимки од безбедносни камери, кои подоцна се појавија во јавноста, укажуваа дека тој бил жртва на физичко насилство. Денис Тот беше погребан на 12 април во неговото родно Ѓаково. Престојот за Мкаедонија му беше врзан преку спортскиот ангажман во ракометарскиот клуб „Бутел“.