Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит на „Отворен Балкан“ со фокус на туризмот и на културата

0
By Sashko on June 8, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со официјални обраќања на премиерите на Македонија, Димитар Ковачевски, на Албанија, Еди Рама и на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, денеска во Охрид почнува Самитот на „Отворен Балкан“.

Обраќање е најавено и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, а преку видео порака ќе се обрати и заменикот помошник на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар.

Лидерите на земјите учеснички на Самитот, предвидено е да потпишаат договор за соработка и меѓусебно признавање на дипломи и научни оценки издадени во високообразовни установи и други овластени институции и меморандуми за разбирање за соработка во областите туризам, култура и даночна администрација во Западен Балкан.

По официјалните обраќања ќе се одржат панел сесии за туризам и култура. На „Отворен Балкан, отвора туризам“, ќе се обратат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, кој заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, како и со министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро Фурхи и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ ќе дискутираат за придобивките од иницијативата и мерките кои ќе се преземат за развој на туризмот на регионално ниво. Присутни ќе бидат и претставници на бизнис заедницата од земјата и регионот, а обраќања ќе имаат и претседателите на коморите на Македнинија и Србија, Бранко Азески и Марко Чадеж, како и Инес Мукостепа, претседател на Унијата на трговско-индустриски комори на Албанија.

На панел сесијата на тема „Отворен Балкан, отвора култура”, ќе има обраќање на вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, со Елва Маргарити, министерка за култура на Албанија и Маја Гојковиќ, вицепремиерка и министерка за култура и информирање на Србија, ќе дискутираат за важноста на културата во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Лидерите, синоќа имаа неофицијална вечера, на која дискутираа за тековните економски предизвици и можностите што ги нуди регионалната соработка во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”.

„Отворен Балкан“ е регионална иницијатива воспоставена од Македонија, Албанија и Србија за поголема економска и друга соработка меѓу трите земји, со цел подобар живот на граѓаните. Иницијативата предвидува слободно движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу земјите-членки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.