НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит за Украина во Швајцарија: Што сака Киев

0
By Zoran Ivanov on June 12, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина собира десетици светски лидери и меѓународни организации во одморалиштето Бургенсток во Швајцарија овој викенд за да го засили притисокот врз Русија и да го зацрта патот кон мирот.

Киев сака да изгради глобален консензус околу својот план за ставање крај на војната без руско учество. Но, исто така, идентификуваше неколку конкретни прашања околу кои сака да собере поддршка.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец идентификуваше три клучни грижи што ќе ги стави во центарот на конференцијата, како дел од неговиот план од 10 точки за ставање крај на војната.

Прво, тој рече дека сака да обезбеди враќање на илјадниците украински деца за кои вели дека биле насилно префрлени на територија под контрола на Русија.

Второ, тој сака гаранции околу нуклеарната и енергетската безбедност. Руските напади ги осакатија украинските електрани, а борбите во близина на окупираната нуклеарна централа Запорожје ги зголемија стравувањата од катастрофална несреќа.

Трето, тој сака да осигура дека Украина ќе може да извезува жито преку Црното Море – клучен коридор за испорака до нациите ранливи од храна, а кои Киев сака да ги придобие.

Зеленски изјави дека ако Украина може да постигне консензус околу овие прашања: „тоа значи дека Русија нема дополнително да ги блокира“.

Исклучувањето на Русија од самитот предизвика критики од некои главни градови вклучително и Пекинг, кој рече дека Русија треба да биде вклучена во секој мировен процес.

Кремљ рече дека би било „апсурдно“ да се работи на решавање на конфликтот без руско учество.

Сепак, швајцарскиот министер за надворешни работи Игнасио Касис рече оваа недела Русија мора да биде вклучена во одреден момент и дека повеќе е прашање „кога Русија ќе биде вклучена“ во процесот отколку дали.

Андриј Јермак, шеф на украинската претседателска администрација ја повтори таа точка во вторникот, сугерирајќи дека руските претставници би можеле да бидат поканети на подоцнежен самит.

Зеленски претходно објасни зошто Русија не е поканета: „Не сакаме никакви формати на преговори, какви било формули за мир да ни наметнуваат земји, дури и нашите партнери, кои не се тука, не се во војна“.

Украина покани повеќе од 160 земји да учествуваат на самитот и Зеленски рече дека собирањето поддршка од што е можно повеќе земји, вклучително и глобалниот југ, ќе биде клучно за самитот.

Зеленски истакна неколку области од заеднички интерес – Земјите во Африка се загрижени за безбедноста на храната, додека Катар и Обединетите Арапски Емирати помогнаа да се обезбеди ослободување на украинските деца од Русија.

Сепак, Москва има долгогодишни дипломатски врски со земјите во Африка и Јужна Америка од советскиот период. Многумина беа претставени на економски форум во Санкт Петербург минатата недела.

Украина ја обвини Москва дека сака да ги одврати земјите од глобалниот југ да присуствуваат.

„Глобалното мнозинство може да се погрижи она што е договорено да биде навистина спроведено и дека Русија, која ја започна оваа брутална војна, не може да не турка од патот кон нејзино завршување“, рече Зеленски.

Украинската агенда за самитот е нашироко заснована на „формула за мир“ од 10 точки што беше изградена во Киев и беше промовирана од Зеленски од првата година на војната.

Киев вели дека целта на планот е да се постигне праведен и траен мир, воден од меѓународното право и принципите наведени од Обединетите нации.

Тој предвидува враќање на украинскиот територијален интегритет, повлекување на руските трупи и формирање на трибунал за истрага на воените злосторства.

Москва го отфрли планот на Зеленски бидејќи ќе бара од Русија да ја врати територијата што ја освои во Украина во последната деценија од конфликтот.

Автор: Р.П. / Извор МИА

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

ВЕСТИ August 8, 2025

Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (ЕМФА) денеска стапи на сила, а…

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.