Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само што нивното си врви таму во просперитетната ЕУ, а нашето ни стои овде на уште примитивниот Балкан

0
By Marija Todorovska on June 14, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЗОРАН ИВАНОВ / ЦИВИЛ МЕДИА 

Да сме се однесувале Скандинавски, е да, баш точно е како што сред Скопје гордо им плесна в очи претседателката на Нашата дека однесувањето на соседите, посебно на јужниот и на источниот се во конфликт со секаква правна логика, дека правото и овдешно и правото меѓународно се на наша страна, на страната на Нашата држава ама исто така е неспорно дека диоптриите и толкувањата наши и диоптриите и толкувањата нивни се дијаметрално спротивни и спротивставени и додека ние гледаме со силата на правото, тие се закачиле на силата на политиката и додека ние одовде обвинуваме за неправда зашто задираат во елементарната цивилизациска придобивка секоја држава да си се именува како што си сака и секој народ да си се именува како што си се чувствува, така некако со некои свои аргументи и квази аргументи и овие наши од југ и од исток кај третите страни нè цинкарат дека крадци на нивни истории и на нивни идентитети сме биле ние, а не тие и тука, кажано и во оваа една реченица, завршува правото наше и доминира моќта на политиката нивна и додека вагата на Јустиција се клати те накај нивите држави, те накај Нашата држава, времето неповратно си врви само што нивното си врви таму во просперитетната ЕУ, а нашето ни стои овде на уште примитивниот Балкан.

Текстот е личен став на Авторот.
Зоран Иванов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.