Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сандра Грујевска, Скопје: Дали образованието е во опасност или можеби конечно во својата вистинска насока?

0
By Нова ТВ on February 17, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Образовните системи ширум светот отсекогаш биле причина за анализи, дискусии, реформи, конфликти, потсмев, страв, неизвесност…

И секоја година, образовните системи во многу земји се нарушени поради природните опасности поврзани со климатските промени, вооружените конфликти, политички пропаганди или, во најлош случај, епидемии.

И кога ни се случи пандемијата Ковид 19, бевме, и мислам дека сеуште сме, во еден грч што и како ќе го движи едукативниот процес во едни вакви услови.

И сите сме изненадени како гром од ведро небо… сеуште, за жал.

Е сега, сигурно ќе се запрашаме дали требаше мерката за успех или неуспех во образованието да ни ги тестира антителата од Ковид 19? Пандемијата, секако, не освести да провериме дали нашиот образовен систем е имун и дали знае како сам да се одбрани. Сепак, дијагнозите кои секојдневно ги добиваме, не присилија сите да утврдиме дека образовното тело треба многу повеќе да работи на својот одбранбен систем и ќе му треба подолго време да се излекува од подмолната болест чии коморбидитети некако, со децении, сите ги прикривавме.

Јас бев, сум и ќе бидам поборник за технологија во училницата, искомбинирана со креативноста и слободата на наставникот. Сметам дека игнорирањето на образовните можности што ни ги овозможи технологијата ги става децата во неповолна положба и затоа не требаше да ја игнорираме или да и се спротивставуваме. Многумина ќе кажат, културата на живеење пред компјутерскиот екран во целина ги отежнува работните места (на наставниците). А, дали го избравме вистинскиот пат да си го олесниме работното место преку технологијата, и не ја искористивме како сојузник. Еве, пандемијата ни покажа и не научи дека се се може, па се надевам следната лекција ќе ја научиме по полесниот пат. Но ако постојано се спротивставуваме на промените и ако целосно ни ослабне активноста на образовниот систем и опадне неговиот имунитет, тогаш за жал тој ќе има влијание и на целото наше општество. Неопходен е еден образовен систем кој во иднина ќе биде имун на сите фактори кои би можеле негативно да влијаат. Е па тогаш, ајде да го вакцинираме образовниот систем, па да биде подложен на имунитет!

А ние како наставници, да се потсетиме зошто сме наставници, да застанеме малку и да си направиме еден рестарт. На децата сега им требаме на поинаков начин, да покажеме што значи емпатија и трпеливост.  Сега е потребен наставник кој ќе им помогне да се почувствуваат сигурни, во време кога се на несигурен простор над кој прелетуваат секакви опасности.  Можеби, оваа прилика ќе ја искористиме да ги преструктуираме образовните дејности во правец на создавање на критичко расудувачки субјекти и мислечки суштества кои ќе развиваат хуманистички вредносни системи, а со тоа и поправедни светови?

А во 21 век, и време на глобализација, кога светот се менува вртоглаво, можеби е подобро да ги следиме потребите на децата малку повнимателно, бидејќи ако тие се движат напред а ние стоиме во место, тогаш сигурно сме на патот на неуспехот.

 

Сандра Грујевска,  магистер по меѓународни односи, професор по англиски јазик и основач на Училиштето за странски јазици Step by step. Во моментов, вработена на Универзитет American College Skopje, како Кариерен советник

Tекстот и насловот се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.