Германката Натали Гајзенбергер денеска на Игрите во Пекинг го освои третото олимписко злато во низа во санкање со поединечна конкуренција.
Гајзенбергер победи со време 3:53 минути и го повтори успехот од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година и четири години претходно во Сочи.
Сребрениот медал во Пекинг го освои нејзината сонародничка Ана Берејтер со заостанување од 0.493 стотинки зад победничката, додека со бронзата се закити Татјана Иванова од Русија со 1.053 секунда послабо време од Гајзенбергер.