Петрит Сарачини: Повторно се „спружуваат“ медиуми, новинари, граѓански организации и активисти, повторно се прогласува за „шарен“, „платеник“ и „предавник“ – секој што ја критикува истрагата за трагедијата и постапките на „безгрешната“ власт, која бара одговорност секаде, но најмалку во сопствените редови. Овие јалови обиди за бегство од сопствената одговорност не носат ниту сплотување, ниту обединување на целата земја за „промена на системот“. Тие многу повеќе потсетуваат на темните времиња на Груевски и „заробената држава“. И по тие времиња, иако имаше далеку повеќе простор за критикување и протестирање, за жал немаше порешителни чекори за справување со убиствената корупција, криминал и долгогодишна ерозија на системот. Неказнивоста и недостатокот на слух за овие суштински потреби на граѓаните придонесоа во голема мера за катастрофалниот изборен пораз на минатата власт.
Извор: Окно.мк