Младите кои ќе имаат идеји за бизнис ќе добиваат по 10,000 евра неповратни пари, а ќе се дозволи и основање на фирма со едно евро осниваки капитал, ова го вети Стефан Богоев, претседател на младината на СДСМ при денешната посета во Делчево.
Младите кои ќе имаат добра идеја за сопствен бизнис ќе добијат 10.000 евра неповратни пари – помош од државата. Ќе дозволиме отворање фирма со само 1 евро основачки капитал. Ќе отвориме и старт-ап центри во коишто државата ќе обезбеди бесплатен деловен простор за новите компании во првите две години, кога им е најпотребна. Ќе добијат бесплатно одржување, архива и сметководство за да можат да се фокусираат на градење на бизнисот. Сево ова е можно да се оствари, само доколку парите се насочат кон вистинските приоритети. А наш приоритет е да ги задржиме младите овде, и да им овозможиме нормален живот и фер шанса за успех. Заедно ќе успееме во тоа, рече Богоев.

