СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста.
„Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот“, велат од СДСМ.
„Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму. За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание. Наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодговно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог“, стои во соопштението.