Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Ристески и Лашкоска од ВМРО ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на граѓаните

0
By Борјан Јовановски on May 29, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прилепските кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески и Лашкоска го загрозуваат здравјето на граѓаните, изјавија претставници на огранокот на СДСМ од Прилеп.

“Со своето неодговорно, несовесно и нехумано однесување, највисоките функционери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, претседателот и кандидат за пратеник Петар Ристески и актуелната пратеничка и кандидатка за нов мандат, Ане Лашкоска, ги кршат законите за заштита од коронавирусот и го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Од објавените фотографии на нивните фејсбук профили, од неколкуте вчерашни масовни собири,на кои присуствувале и двајцата,јасно се гледа дека Ристески и Лашкоска не ги почитувале мерките за забрана за групирање и носење на заштитна опрема на лицето.

Ваквото неодговорно однесување на Ристески и Лашкоска, на најдобар начин го отсликува лицемерниот пристап на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во битката со вирусот КОВИД-19.

Наспроти нивната наводна загриженост за здравјето на граѓаните и ширењето на коронавирусот, со своите неодговорни постапки функционерите на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат потенцијална опасност за ширење на заразата.

Од една страна преку социјалните мрежи и медиумите, функционерите на ДПМНЕ обвинуваат дека сме биле единствена земја од регионот во која бројот на заболени од коронавирус расте, а од друга страна истите тие ги кршат уредбите на Владата и директно придонесуваат за можно зголемување на бројот на заразени.

На ваквото однесување на Ристески и Лашкоска, се надоврзува и нивниот сопартиец и министер за внатрешни работи Наќе Ќулев, кој свесно не презеде ништо за да ги спречи масовните собири во време на полицискиот час.

Наместо да се стави во одбрана на интересот и здравјето на граѓаните, Наќе Чулев се стави во заштита на теснопартиските и личните интереси на Мицкоски и врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.
Го повикуваме Наќе Чулев, доследно да го спроведува законот и заради непочитување на уредбите на Владата да поднесе пријави против Ристески и Лашкоска.

Никој не смее да биде над законите, уште помалку да ги загрозува здравјето и животите на граѓаните на нашата држава” изјавја од Секторот за комуникации на СДСМ во Прилеп.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.