Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ се приклучува на протестот пред Уставен суд, Заев ги повикува сите граѓани

0
By Влатко Чаловски on March 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Претседателот на СДСМ Зоран Заев при денешното обраќање до јавноста ги повика сите граѓани професори, лекари, работници, студенти, земјоделци, заедно со СДСМ да се приклучат на масовниот протест пред Уставниот суд, кој што е најавен од граѓански организации за утре попладне.

Како што напомена Заев, Македонија не смее да молчи и да дозволи да се урнат темелите на правото.

-Повикувам на одбрана на Уставот, повикувам на одбрана на правдата, срамните одлуки на партиските инсталации во Уставниот суд се обид да се амнестира изборен криминал и изборна измама, потенцираше Заев.

Тој дополни дека токму Вистината за Македонија и како што вели „хаосот во избирачкиот список“ потврдиле дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ освен што ги краделе парите на граѓаните, го краделе и правото на слободен глас.

Како што претходно соопшти Платформата за граѓанска политика АЈДЕ!, утре во 18 часот, пред Владата ќе започне протестен марш, кој ќе продолжи покрај канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов и Собранието, а ќе заврши пред Уставниот суд со голем народен протест.

Вечерта, како што најавија организаторите, пред Уставниот суд ќе се одржи бдеење над Уставот, а ќе кулминира во среда кога ќе ги пречекаат уставните судии кои на седница треба да одлучуваат за иницијативата, да се прогласат за неуставни дел од одредбите на Законот за помилување.

Доколку и во втората фаза во среда помине Иницијативата за ваква измена, која наиде на бурни реакции во јавноста, тогаш претседателот ќе има зголемени ингиренции и ќе може да помилува затвореници кои се осудени за изборен криминал, кривични дела против полова слобода и морал и недозволено производство и пуштање во промет на дрога.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.