Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Законот за основно образование на ВМРО-ДПМНЕ е враќање цел век наназад

0
By Zoran Ivanov on December 27, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, повика на повлекување на Законот за основно образование, којшто според партијата врши дискриминација на децата со попреченост, води кон враќање на специјалните училишта и го враќа стресот кај родителите околу достапноста на образовните асистенти.

Козметички интервенции за да се прикаже инклузивност не е исто како и уважување на укажувањата на меѓународните организации и стручните тела. Оспорувањето на инклузијата на учениците со попреченост е неприфатливо. Комисијата за заштита од дискриминација посочи дека предложените измени се спротивни на концептот на инклузивно образование. Наместо унапредување, овие измени значат враќање кон специјалните училишта, со што се ограничуваат можностите за еднаков развој и учество на децата со попреченост, рече Николова.

Владата не го прифати намандманот на СДСМ за вработување на образовните асистенти на неопределено време, со што, според СДСМ,  ќе се гарантираше континуитет и ќе се спречеше стресот за децата и родителите секоја година.

Според опозициската партија, загрижува и одлуката да се избришат термините „род“, „родова еднаквост“ и „родов идентитет“ како дискриминаторски основи. Ова не само што е спротивно на Уставот и меѓународните обврски на државата, рече Николова, туку создава простор за насилство и дискриминација, особено во училиштата, кои треба да бидат најбезбедни за децата.

Ја повикуваме министерката Весна Јаневска да го повлече предлог законот за основно образование и заедно со стручната фела да го подобриме текстот и да ги заштитиме сите деца. Ние сме спремни да се вклучиме во таков процес. Ја повикуваме и претседателката Гордана Силјаноска Давкова како застапничка за еднаквост, родова рамноправност и недискриминација, да се вклучи и да се бори за правата на децата со попреченост и нивното право на образование, велат од СДСМ.

Ваквиот закон е враќање цел век наназад, е ставот на СДСМ.

 

 

родова еднаквост закон сдсм вмро дпмне повлекување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.