НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Зар е Груевски толку наивен дека ќе му кажеме од каде се „бомбите“?

0
By on February 2, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Заев во саботата јасно посочи дека е неверојатно Груевски да е толку наивен и да мисли дека лидерот на СДСМ во разговор ќе го открие идетнитетот на лицата што ги доставиле доказите до него, се вели во реакцијата што вечерва стигна од опозициската партија на видеото што попладнево го објави „Сител“.

Телевизија „Сител“ во својот централен Дневник објави видео од еден од четирите разговори меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на кој се зборувало за компромитирачките содржини што ги поседува опозиционерот за властодршците.

„Скандалозна е видео снимката од кабинетот на Никола Груевски објавена во дневникот на провладината „Сител“. Тоа е класична потврда и клучен доказ за тоа кој во Македонија снима и следи комуникации. Кој може друг да снима во неговиот кабинет освен Никола Груевски? Овој пример покажува како функционира Груевски и го потврдува сето она што го зборува претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Еве како се следи и се снима лидерот на опозицијата. Еве како се следат и се снимаат илјадници граѓани во Република Македонија. Прикажаниот видео материјал потврдува дека Никола Груевски ги снима оние коишто доаѓаат на политички средби во неговиот кабинет. Пример без преседан во Европа. Со ваквото постапување Никола Груевски прави кривично дело неовластено снимање и прислушкување. Денеска „Сител“ сето тоа го покажа на виделина пред јавноста“, реагира СДСМ.

На видеото со слаб квалитет, според „Сител“, може да се чуе дека Груевски го прашува Заев од каде му се материјалите, а овој одговара дека му се од странски служби.

„Сител“ тврди дека видеото го добила од видео-сервисот Јутјуб. Телевизијата целиот материјал ќе го објави во вечерните вести.

Груевски во саботата, при обраќањето кон нацијата, го обвини Заев дека го уценувал да прифати техничка влада, а во спротивно лидерот на опозицијата ќе објавел компромитирачки материјали за дел од функционерите. Поради ова полицијата ја спроведе акцијата „Пуч“ во која Заев е еден од четворицата осомничени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.