Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се брише функцијата прв вицепремиер, ВЛЕН и со помалку од 300 директори?!

0
By Marija Todorovska on June 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во владата на Христијан Мицкоски нема да ја има функцијата прв вицепремиер што во претходната влада ја извршуваше Артан Груби. Спротивно на она што го изјави коалициониот партнер на ВМРО ДПМНЕ, претставниците на коалицијата ВЛЕН изјавија дека ќе остане позицијата прв вицепремиер.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски изјави дека нема да има прв вицепремиер, според него: „сите ќе бидат исти“.

– Не останува. Се јавив и кај вашите колеги новинари да ви појаснам, нема да има такви работи, изјави Николовски во своето последно телевизиско гостување.

Запрашан дали ова владина позиција треба да се избрише од Деловникот за работа на Владата на Република Македонија, Николовски потврди дека тоа ќе се случи.

Одговарајќи на ова прашање, тој рече дека вицепремиер во Владата ќе биде Изет Меџити, како што нагласи „како што ќе бидам и јас…“.

Со измените и дополнување на Деловникот за работа на Владата на Република Македонија (Сл. весник на РМ бр. 215/2020), се воведе функцијата „Прв вицепремиер“.

Арта Билали-Зендели од Демократската унија за интеграција (ДУИ) вели дека новата Влада на чело со ВМРО ДПМНЕ неофицијално го подготвила сценариото, како што вели, „како да се демонтираат Албанците од Северна Македонија од државните институции од 2002 година до денес!

– Во емисијата ТОП-ТЕМА на ТВ Телма, потпретседателот на ВМРО индиректно покажа како ќе ги исчисти сите Албанци директори во здравство. Првично од Фондот за здравство каде што ќе има само еден директор, а ќе си заминат сите организациски (економски) директори од кои повеќето се Албанци. Идејата е да се централизира работата и да се спречат Албанците да имаат пристап до одлучување. Во МВР Албанците ќе бидат само декор… Сите клучни оперативни сектори во МВР, Управата за јавна безбедност, Агенцијата за национална безбедност ќе ги водат исклучиво Македонци, а оние Албанци кои се веќе таму бидат деградирани во сите можни форми. Во Министерството за одбрана Албанците треба да бидат само незначителна бројка, а политиките и одлучувањето исклучиво на Македонците, пишува во својата реакција Билали-Зендели.

Според неа, Албанците во новата Влада и државните институции ќе имаат НУЛА одлучување. Сите одлуки ќе бидат централизирани и исклучиво од новиот премиер Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Европскиот фронт мора да се мобилизира да го врати легитимитетот на победникот во албанскиот блок и да биде што е можно пожив на теренот, во медиумите, да ги артикулира своите барања, да врши постојан притисок за непочитување на гласовите во политичкиот блок на Албанците“, посочува таа.

Од друга страна, претседателот на Алијансата за Албанците и иден министер за здравство, Арбен Таравари, вели дека е интересно како ДУИ и „нејзините медиуми“ ја обвинуваат новата Влада дека не ги исполнува ветувањата…

– Интересно е како ДУИ и нејзините медиуми ја обвинуваат новата Влада дека не ги исполнила ветувањата… Имам едноставна информација за нив: Уште го немаме мандатот, не можеме да постигнеме без да почнеме со работа, тоа што можеше и не го направи ДУИ – 22 години, реагира Таравари.

Според изјавите на Николовски, коалицијата ВЛЕН нема да има ни 300 директори.

„На почетокот на преговорите за владино партнерство, ВЛЕН рече дека ќе имаат 300 директори, но тоа не е точно. Ќе имаат многу, многу помалку“, изјави Николовски.

Отстранувањето на квотат од 20 отсто за албанскиот јазик во Уставот, изборот на Претседателот на државата во Собранието, целосното затворање на казината и брзите кредити, како и распределбата на по 10 илјади евра за секој поединец за вклучување на граѓаните во акциите на државните претпријатија -беа дел од главните ветувања на коалицијата ВЛЕН за време на изборната кампања.

Но овие ветувања никаде ги нема во владината програма 2024-2028 година која до Собранието ја достави Мицкоски.

Не е предвидена распределба на по 10.000 евра за секој граѓанин и нивно вклучување во акциите на државните претпријатија. Не се предвидени ниту ветувањето дека претседател на државата ќе се избира во Собранието, а ниту остранување на квотата од 20 отсто за албанскиот јазик.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.