Европа нема да може да најде замена за рускиот гас во следните пет години, изјави потпретседтаелот на руската влада Александар Новак во интервју за „Русија 1“.
„Ние испорачуваме околу 200 милијарди кубни метри гас, додека Европа троши 500 милијарди кубни метри што е речиси 60 отсто од извозот. Проценете сами. Дефинитивно нема што да го замени за една година или за три или пет години“, рече Новак.
Тој додаде дека „се е можно во овој живот, но целосното отфрлање на руската енергија од Европа е еден вид апокалиптично сценарио“.