Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се одбележува Меѓународниот ден на музеите

0
By on May 18, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, Музејот на современата уметност вечерва ќе го продолжи времето на работење и за посетителите ќе биде отворен до 2 часот

Музејските работници го одбележувааат Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, во градот на културата – Крива Паланка денеска ќе се одржи советување на тема „Музеи (меморија+креативност) = општествена промена“ каде што ќе учествуваат Никос Чаусидис и Драгор Заревски од Филозофски факултет при УКИМ, Даниела Трајковиќ-Крстиќ од Музејот на македонската борба, Рубинчо Белчески од Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп и други.

Во Завод и музеј – Битола, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Праисториските дами од Македонија“ на Музејот на Македонија, чиј автор е археологот Ирена Настева-Колиштркова, а во „Магаза“, еден час подоцна, и годишната ликовна изложба на Друштвото на ликовни уметници на Битола. Во текот на денот е предвидено одржување и едукативни работилници во рамките на проектот „Учиме за нас“, наменети за деца и ученици од различни возрасни категории.

Во Музејот на град Скопје денеска ќе се одржуваат едукативни работилници од проектите „Јас во музеј“ и „Музејот за децата – децата за музејот“ за деца од градинки и од основни училишта.

Едукативна програма за децата ќе се одвива утре и во Музејот на Македонија, со учество на Детскиот музејски клуб во 11 часот, а планирана е презентација на анимираниот филм „Џоломари“. Во рамки на проектот „Урбана култура“, презентација ќе имаат ученици од гимназијата „Орце Николов“.

Во Музејот на македонската борба од 10 до 19 часот ќе може да се погледне картофилската изложба „Тетово на старите разгледници“, чиј автор е Бранислав Светозаревиќ, а од 18 до 19 часот ќе биде одржан концерт на традиционална музика и игра со ансамбл „Македонија“

Музејот на современата уметност вечерва, ќе го продолжи времето на работење и за посетителите ќе биде отворен до 2 часот. Тоа ќе биде можност да се посетат тековните изложби: „Хенри Мур графичарот“ и 10. Биенале на млади уметници „Солидарност – 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.