Во Порта Македонија, се промовира нов сценски прос¬тор, кој има 80 седишта. Вечерва, премиерно ќе се игра претставата “Брачна игра” од Едвард Олби, во режија на Бојана Краљевска. Со оваа претстава, во која играат младите актери Сања Русевска и Марко Трајковиќ, се промовира но¬ви¬от сценски простор во Портата, кој ќе биде сцена на Македонскиот на¬ро¬ден театар.
Според уметничкиот директор на МНТ Дејан Пројковски, идејата е да се разработи Галеријата во Портата, која е на две нивоа, како театар кој ќе биде освежување и промена за публиката. За почеток им се дава шанса на млади и нови имиња. Поради ограничениот број седишта- 80, претставите ќе бидат камерни.
Вечерашната и утрешната изведба ќе бидат бесплатни, но потребно е да се подигнат билети од МНТ.
Пројковски најави дека во Портата ќе се играат и некои од претставите кои се поставени на Малата сцена во МНТ како, на пример, монодрамата “Сребрена свадба”, во режија на Звезда Ангеловска, со Катина Иванова.