Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

0
By Marija Todorovska on September 26, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Брисел: Во 2023 година најмалку два странски јазици изучувале 6,4 отсто од учениците од основните и 59,5 проценти од учениците во средните училишта во ЕУ, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат по повод Европскиот ден на јазиците – 26 септември.

Споредено со 2013 година, стапката на основци кои изучувале два или повеќе странски јазици се зголемила за 1,8, а на средношколци за 1,1 процентни поени.

Единствена земја членка на ЕУ каде мнозинството основци или 78,9 проценти изучуваат најмалку два светски јазици е Луксембург. Далеку зад неа се Летонија со 37 отсто, Грција со 35,5 и Естонија со 34,9 проценти ученици во основните училишта што учат најмалку два странски јазици.

Најголем раст на стапката на изучување на најмалку два странски јазици во периодот 2013-2023 година има во Летонија од 22,1 процентни поени, пред Финска со 15,2, Грција со 9,6 и Шпанија со 8,3 процентни поени. Од друга страна, најголемо намалување на оваа стапка има во Полска од 6,5 и Луксембург од 4,9 процентни поени.

Во Хрватска и во Бугарија уделот на основици што изучуваат два или повеќе странски јазици во посочениот период од 10 години останал непроменет на 18,4, односно 1,5 отсто.

Кога станува збор за средношколците, лидерската позиција ја има Финска, каде најмалку два странски јазици изучуваат 97,8 отсто од учениците во средните училишта. По Финска следуваат Грција, Италија, Малта, Естонија, Романија и Португалија, каде оваа стапка се движи меѓу 96,6 и 93,2 проценти.

Најмал удел на изучување на најмалку два странски јазици има во Ирска од 5,4 отсто, по што следува Унгарија со 6,1 и Австрија со 7,6 проценти.

Во споредба со 2013 година, уделот на ученици во средните училишта што учат два или повеќе странски јазици најмногу се зголемил во Чешка за 24,8, пред Франција за 22 и Белгија за 18,2 процентни поени. Од друга страна, најголем пад на оваа стапка има во Полска од 42,8 процентни поени, по што следуваат Словенија со 33 и Словачка со 26,0 процентни поени.

ЕУ странски јазици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

November 21, 2025

Астрономски цени на недвижности во Србија – речиси 10.000 евра за квадрат во „Београд на вода“, гаражно место достигнало 66.000 евра

November 21, 2025

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

November 20, 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

November 20, 2025
ФОКУС

Зеленски со драматичен говор: Ова се најтешките моменти во нашата историја

ВЕСТИ November 21, 2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска им се обрати на Украинците во видео порака во…

Потпретседателот на САД Венс за Украина: Трговија и културна размена наместо војна

November 21, 2025

Кијив: Зеленски го прими предлог планот на Трамп за дипломатско решение на конфликтот во Украина

November 20, 2025

САД имаат нов план за Украина – за Европоа е неприфатлив

November 20, 2025
ТИКЕР

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

November 21, 2025

Астрономски цени на недвижности во Србија – речиси 10.000 евра за квадрат во „Београд на вода“, гаражно место достигнало 66.000 евра

November 21, 2025

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

November 20, 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

November 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.