НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се разработуваат можности за намалување на цените на патарините, порача Бочварски

0
By Sashko on March 23, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како Влада разработуваме модалитети за дали е можно и колку да се намалат цените на патарините, но истите да бидат одржливи, изјави вечерва министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој посочи дека ќе се работи на патарините кон Тетово и Гостивар за да се постигне целосно електронска наплата на патарини со што ќе се намали уделот на човечкиот фактор.

„Во 2015 година започна проектот за реконструкција на електронските патарини. Ние веќе работиме и на Коридор 8, патарината кон Куманово е веќе реконструирана, ќе се работи и на оние кон Тетово и Гостивар со цел да имаме целосно електронска наплата на патарини со што ќе се намали уделот на човечкиот фактор во однос на овој процес“, рече Бочварски во Тема на денот на ТВ Сител.

Бочварски вели дека моделот со винетките не е доволно праведен.

„Моделот со винетките не е доволно праведен, затоа што винетка користи и оној граѓанин кој патува секој ден на одредена дестинација и повеќе ги користи патиштата, отколку што некој можеби ќе наплати винетка со регистрацијата, односно, патна такса, а притоа можеби и нема да ги користи јавните патишта. Праведен модел е на тоа кој повеќе патува да плаќа повеќе, отколку некој кој користи само локални патишта“, смета Бочварски.

Тој посочи дека 46,4 милиони евра се собрани од наплата на патарини во минатата година во ЈП за државни патишта.

„Оваа година, имаме најголем буџет за изградба и реконструкција на патишта, односно над 350 милиони евра, што значи дека многукратно повеќе се вложува во текот на годината односно тоа е проектиран буџет најголем во историјата на независна Македонија за изградба и реконструкција на патишта“, потенцира Бочварски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025
ФОКУС

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

ВЕСТИ September 2, 2025

Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при…

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.