Голем пожар денеска повторно активиран над селото Негрево кај месноста Буковик.
Постои закана да бидат зафатени дел од куќите.
Градоначалникот Александар Китански на фејсбук упати апел до сите кои се во можност да излезат на терен и да помогнат во локализирање на стихијата.
Китански апелира населението да се вклучи во гаснењето на пожарот кој стигна над градот Пехчево.
На терен моментално се пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, Територијалната противпожарна единица од Берово и месно население.
-Апелираме за помош и од други лица, за да помогнат да се изгасне пожарот. Апел до сите граѓани од Пехчево и околината да внимаваат, бидејки при високи температури може да настане пожар од големи размери, информира пожарникарот Марјан