Градежните работи за целосна реконструкција на спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ која меѓу карпошани, но и ширум државата е позната под името „Партизан“, се одвиваат во полн ек.
Во овој објект во кој се изнедриле голем број спортски имиња и кој се очекува да биде завршен за 20 месеци, државата инвестира 69, 5 милиони денари а целта е некогашниот „Партизан“ а сега „ Наум Наумовски Борче“ да биде целосно современо и функционално уредено спортско игралиште со кое би се вратил некогашниот дух на спортски ентузијазам и место за спортски активности на младите и на сите граѓани.
„Култната сала „Партизан“, заслужува да блесне, да го добие потребното внимание, а карпошани и сите скопјани да си ја вратат и својата гордост, но и среќата дека овде ќе се одиграат уште многу натпревари во кои сите ќе уживаме“, нагласи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.