Сиднеj: Во нападот со нож во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн во источен Сиднеј загинаа шест лица, а напаѓачот е застрелан, соопшти австралиската полиција.
Повредени се неколку лица, меѓу кои и деветмесечно бебе на кое му била извршена операција. Како што неофицијално јавуваат австралиските медиуми, мајката на бебето им подлегнала на повредите во болница и таа е шестата жртва во нападот.
Се верува дека напаѓачот, 40-годишен маж, кој допрва треба официјално да биде идентификуван од полицијата, дејствувал сам и оти нападот не е поврзан со тероризам.