Првите претседателски избори во Република Македонија се одржани на 16 октомври 1994 година, истовремено со парламентарните избори. На изборите учествуваа двајца кандидати, а победи во првиот круг Киро Глигоров со освоени 715.087 гласови односно 78,4 проценти, како кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. Неговиот противкандидат Љубиша Георгиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ освои 197.109 гласови, односно 21,6 проценти.
Вторите претседателски избори во независна Република Македонија се одржаа во 1999 година. Дотогашниот претседател Киро Глигоров не се кандидираше на овие избори, а победи Борис Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е дел од темата на Медиумската информативна агенција, практично хронологија на досегашните претседателски избори и на досегашните претседатели на државата што НОВАтв.мк интегрално ја пренесува преку Линк.