Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седницата на чиј дневен ред се уставните измени започна со помал кворум

0
By Сашка Цветковска on August 27, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фотографија: Солза Грчева и Роза Топузовска Каревска седат сами во делот предвиден за опозицијата додека пратеникот Амди Бајрам ги поздравува

Собраниската седница на која што како прва точка беше поставено утврдувањето на нацрт-амандманите од Уставот денеска започна со 69 пратеници, а засега помеѓу отсутните е и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Помеѓу отсутните е и пратеничката и сега веќе екс-член на СДСМ Љубица Буралиева, како и пратеничката Светлана Јакимовска, но и други пратеници.

На јулската седница годинава кога пратениците гласаа за пристапување кон уставни измени, Али Ахмети дојде лично на почетокот на седницата и гласаше за промени. Пратениците на ДПА беа единствените кои гласаа „против“.

Седницата започна со останатите точки од дневниот ред кои што првично беа предвидени за дискусија по гласањето за уставните нацрт-амандмани. Се шпекулира дека отсутните ќе стигнат до крајот на седницата, но нејасно е кој ќе биде 82 пратеник од опозициските кои ќе се приклонат кон идејата на власта за промени во Уставот. На власта и се потребни 82 гласа за да може да ги усвои аманданите. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник, ДУИ 19, а заедно со едниот пратеник на ГРОМ, владејачката коалиција има 81 пратеник.

Од 123 пратеници, Парламентот во моментов го бојкотираат вкупно 37 пратеници од кои 31 се од СДСМ и опозицијата, 6 се од ДПА и 1 е од НДП.

Доколку денеска се изгласаат амандманите, ќе следи 30-дневна јавна дискусија по која што Владата треба повторно до Собранието да достави нови предлог-амандмани со вградени забелешки од дискусијата. Очекувањата се дека постапката за носење на уставните измени треба да заврши до крајот на октомври.

Владата до Собранието минатиот месец достави предлог за измена на Уставот со седум нацрт-амандмани кои предвидуваат дефинирање на бракот како заедница на маж и жена, како и дефинирање на вонбрачната заедница; измени во составот на Судскиот совет, менување на името на Народната банка во Македонија; регулирање на фискалната политика во делот на висината на јавниот долг; формирање на финансиска зона; Државниот завод за ревизија да биде независен орган биран од Собранието и менување на надлежностите на Уставниот суд, односно Судот ќе може да одлучува по уставната жалба за човекови права, како и за одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Дефинирањето на бракот како заедница помеѓу маж и жена и можноста за формирање финансиски зони, односно таканаречени даночни раеви во земјава се едни од најконтроверзните нацрт-амандмани

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.