Ако со таков менталитет беа партизаните во 1941 година кога 200, 300 од нив излегоа во планините да се борат против окупациските сили на тогашната бугарска фашистичка држава, тие ќе требало веднаш да се отакажат од борбата. Што би можеле неколку стотини партизани да направат против 20-илјадна војска и полиција. Сега се негува стравот, а не храброста и погледите во иднината. Затоа што изгледа дека со стравот најубаво се живее. И затоа постојано се зборува за историски одлуки кои никако да ги донесеме, освен во неколку многу важни случаи. Но тие случаи не го определуваат генералниот наратив – стравот од новото и стравот од предизвикот. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.