Ако Македонија не добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ) во јуни, тогаш Владата ќе го загуби кредибилитетот и многу веројатно е дека ќе има избори во октомври, изјави Зијадин Села, лидер на Алијансата за Албанците во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
„Евроинтеграциите се дел од агендите на сите политички партии, но владеачката е таа која треба да ги реализира. Доколку во јуни не добиеме датум за почеток на преговори, тогаш оваа Влада целосно ќе го загуби кредибилитетот“, рече тој.