Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска обвини она што се случи на вчерашната седница за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски е „театар во режија на ДУИ“.
-Вчера бевме сведоци на театарот што го сервираше ДУИ. На истиот тој Талат не му пречеше кога беше избран за претседател на Собранието. Тој е добар актер и покажа дека не е добар кандидат за прв Албанец претседател на Собранието што јас го платив и со крв, рече Села на прес конференцијата во Собранието.
Според Села, тоа што се случи вчера е „удар врз надежта за правна држава“.
-Целта е да се заштити Трајко Вељаноски, но и да се скрие улогата што ДУИ ја имаше во 27 април. Ова е сигнал дека ДУИ и ВМРО си се заштитуваат, рече Села и побара предвремени парламентарни избори.