НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Семејно насилство во Гевгелија: Ја претепал партнерката на улица, доби осум дена притвор

0
By Sashko on September 7, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело „неизвршување на судска одлука“ од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Против него е изречена мерка притвор во траење од осум дена.

„Осомничениот, во раните утрински часови на 4 септември, кај споменикот „Сава Михајлов“, во центарот на Гевгелија, при вршење на семејно насилство, телесно повредил жена со која претходно живееле во вонбрачна заедница и со која имаат две малолетни деца. Додека оштетената заедно со една  колешка се враќале од работа, осомничениот ги пресретнал, почнал да ѝ упатува вербални закани на оштетената, да ја турка и да ја удира по лицето. Потоа продолжил да ја удира по телото, ја фатил со рацете за вратот и ѝ ги свиткал рацете со што ѝ нанел телесни повреди – набиеници“, информираат од ЈО.

Оттаму истакнуваат дека на осомничениот, од 26 мај со правосилно решение на Основен суд Гевгелија донесено во постапка за заштита на правата на оштетената – жртва на семејно насилство, му биле изречени повеќе привремени мерки за заштита од семејно насилство, меѓу кои забрана да ѝ се заканува на оштетената, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира и контактира преку социјални мрежи и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри од живеалиштето на жртвата на семејно насилство. Меѓутоа, осомничениот не постапил по правосилната судска одлука.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судијата го прифатил предлогот и му определил притвор во траење од осум дена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.