Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија во 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

0
By Zoran Ivanov on December 30, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 30, 2025 16:16

Трагедијата предизвика и силни граѓански реакции. Родителите и семејствата на жртвите, заедно со граѓани, организираа протести и собири во Кочани и во други градови, барајќи целосна транспарентност, утврдување на индивидуална и институционална одговорност и крај на праксата на толерирање на системски пропусти и корупција. Овие протести ја одржуваа темата високо на јавната и политичката агенда во текот на целата година.

Диана Тахири

Политичка конфигурација и институционален контекст

2025 година во Северна Македонија се одвиваше во услови на променета политичка конфигурација и изразена политичка поларизација. Извршната власт беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како најголема партија од македонскиот политички кампус, која формираше влада со учество на коалиција ВЛЕН.

Во опозиција дејствуваа СДСМ, како главна македонска опозициска партија, и ДУИ, која по долг период на континуирано учество во власта првпат се најде во опозициска улога. Оваа промена значително влијаеше врз парламентарната динамика, политичката реторика и односите меѓу институциите.

Собранието функционираше во услови на јасно изразена поделба меѓу власта и опозицијата, со ограничен капацитет за постигнување поширок политички консензус околу прашања од стратешко значење.

Иако институционалното функционирање беше зачувано, високото ниво на политичка конфронтација негативно се одрази врз реформската динамика, особено во контекст на евроинтеграциите.

Трагедијата во Кочани

Еден од најтрагичните настани во историјата на Северна Македонија се случи во 2025 година беше пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, кој избувна во раните утрински часови на 16 март за време на концерт на музичката група ДНК. Пожарот настана откако пиротехнички средства употребени на бината ја запалија лесно запаливата материја на таванот, по што огнот и густ чад за кратко време го зафатија целиот објект. Во услови на паника, недоволен број излези и сериозни безбедносни пропусти, настанала турканица при обидите за евакуација.

Во трагедијата животот го загубија 63 лица, од кои дел беа малолетници, а околу 200 лица беа повредени, многумина со тешки изгореници и последици од труење со чад. Клубот бил преполн со посетители, далеку над дозволениот капацитет, а објектот функционирал без соодветна лиценца и без исполнување на основните противпожарни и безбедносни стандарди. Дел од жртвите биле лица кои се обиделе да спасат други, меѓу кои и членови на бендот, припадник на полицијата и цивили кои помогнале во евакуацијата.

По трагедијата, државата прогласи денови на жалост, а надлежните институции отворија обемна истрага. Беа покренати кривични постапки против сопственици, управители и службени лица од институциите задолжени за издавање дозволи и вршење инспекциски надзор. Паралелно, низ целата држава започнаа засилени и вонредни инспекциски контроли на ноќни клубови, угостителски и други јавни објекти, а во Собранието се отворија расправи за потребата од измени на законската регулатива поврзана со јавната безбедност, лиценцирањето и надзорот.

Трагедијата предизвика и силни граѓански реакции. Родителите и семејствата на жртвите, заедно со граѓани, организираа протести и собири во Кочани и во други градови, барајќи целосна транспарентност, утврдување на индивидуална и институционална одговорност и крај на праксата на толерирање на системски пропусти и корупција. Овие протести ја одржуваа темата високо на јавната и политичката агенда во текот на целата година.

Институционалната реакција по трагедијата укажа на подготвеност за постапување во услови на криза, но случајот со Кочани истовремено разоткри длабоки и долготрајни слабости во превентивниот надзор, координацијата меѓу институциите и примената на законите, што предизвика силно негативно влијание врз довербата во институциите и го постави прашањето за владеењето на правото како едно од централните општествени и политички прашања во 2025 година, со директни импликации и врз европската интеграциска агенда.

Економска состојба и социјални импликации

Економската состојба во 2025 година беше обележана со продолжени инфлациски притисоци, раст на трошоците за живот и зголемена економска несигурност кај граѓаните. Овие фактори имаа директно влијание врз социјалната кохезија и јавниот дискурс.

Во овој контекст, Владата прогласи кризна состојба од економски аспект, поврзана со сериозни нарушувања во снабдувањето со енергенси и ограничени капацитети за навремена набавка на енергетски ресурси. Беа активирани државните резерви, засилена институционалната координација и донесени итни мерки за стабилизирање на енергетскиот и економскиот систем.

Прогласувањето на кризна состојба укажа на структурни слабости во економското и енергетското управување, што негативно се одрази врз довербата во институциите и индиректно го ослаби реформскиот капацитет поврзан со ЕУ-процесот.

Европска интеграција и политичка блокада

Еден од централните политички процеси во 2025 година беше продолжениот застој во европската интеграција, поради непреземањето на неопходните уставни измени за продолжување на преговарачкиот процес со Европската Унија.

Во Собранието не беше обезбедено двотретинско мнозинство, а прашањето за уставните измени стана клучна точка на политичка конфронтација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Овој застој имаше влијание и врз односите во рамките на владејачката коалиција, особено со албанските партнери, за кои европската интеграција остана високо политичко прашање.

Блокадата во ЕУ-процесот имаше јасно негативно влијание врз меѓународниот кредибилитет на државата и го забави спроведувањето на клучните реформски политики.

Локални избори 2025 

Во октомври 2025 година се одржаа локалните избори, кои претставуваа важен тест за демократските процеси и политичките односи на локално ниво. Изборната кампања се одвиваше во услови на висока политичка поларизација и засилена партиска реторика, со доминација на национални теми над локалните политики. Во текот на изборниот процес беа регистрирани забелешки поврзани со притисоци врз администрацијата, злоупотреба на јавни ресурси и нерамноправна медиумска застапеност, што повторно ги отвори прашањата за интегритетот на изборниот процес и потребата од доследна примена на изборното законодавство.

ЦИВИЛ спроведе изборен мониторинг на локалните избори, со редовни извештаи за текот на изборниот процес и набљудувања од изборниот ден, вклучително за првиот и вториот круг на гласање. Мониторингот вклучуваше непосредно следење на изборните активности, идентификација на системски слабости и забелешки поврзани со примената на изборните закони и изборниот процес во целина.

Судство и владеење на правото

Во текот на 2025 година, во фокусот на јавноста беа неколку судски предмети од висок јавен интерес, главно поврзани со сомнежи за корупција, злоупотреба на службената положба и незаконито располагање со јавни средства. Дел од овие предмети се однесуваа на поранешни и актуелни носители на јавни функции, вклучително и случаи поврзани со работењето на општини, јавни претпријатија и државни институции.

Во повеќе наврати беше нотирано дека постапките се одвиваат со забавена динамика, поради честите одложувања на рочишта, промени во судечки совети, како и процесни приговори од странките. Овие состојби отворија јавни дебати за процесната ефикасност на судовите, времетраењето на судските постапки и нивната усогласеност со стандардите за разумен рок на судење.

Посебно внимание привлекоа случаи поврзани со:

  • јавни набавки и инфраструктурни проекти, каде што се разгледуваа сомнежи за фаворизирање и финансиски неправилности;
  • управување со јавни средства на локално ниво, при што беа отворени истраги за начинот на трошење на буџетски средства;
  • злоупотреби во институции со регулаторна или надзорна улога, што дополнително ја засили перцепцијата за системска корупција.

Иако дел од предметите влегоа во фаза на судска расправа, нивниот исход во текот на годината остана неизвесен, што придонесе за продолжена јавна скепса во однос на капацитетот на судството да обезбеди навремена и еднаква правда.

Судски совет и Совет на јавни обвинители

Во 2025 година, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители беа под засилен јавен и медиумски надзор, особено поради:

  • избор и разрешување на судии и јавни обвинители;
  • поведени дисциплински постапки против носители на судски и обвинителски функции;
  • јавни несогласувања околу критериумите за оценување на нивната работа.

Одделни одлуки на овие тела беа јавно оспорувани – и од политички актери и од професионалната фела – што ја нагласи ранливоста на саморегулаторните механизми на судството во услови на политичка поларизација. Истовремено, беа регистрирани и апели за поголема транспарентност во нивното работење, особено во делот на образложувањето на кадровските и дисциплинските одлуки.

Овој развој на настаните во 2025 година дополнително ја истакна тенката линија меѓу формалната независност на судството и реалните предизвици во неговото функционирање, при што довербата на јавноста остана силно зависна од видливите резултати, а не од декларативните принципи.

Односи меѓу заедниците и институционалната рамка

Односите меѓу заедниците продолжија да се одвиваат во рамките на Уставот и Охридскиот рамковен договор. Бадентеровото мнозинство остана клучен механизам при донесување закони што се однесуваат на правата на заедниците, особено во областа на јазичната политика, образованието и локалната самоуправа.

Примената на Законот за употреба на јазиците и принципот на правична и соодветна застапеност останаа предмет на институционални и политички дебати.

Иако институционалната рамка остана навидум стабилна, политизацијата на меѓуетничките прашања најчесто негативно влијаеше врз јавната доверба и општествената кохезија.

Надворешно влијание преку пропаганда и дезинформации

Во текот на 2025 година, прашањето за надворешно влијание преку пропагандни и дезинформациски наративи доби зголемено значење во јавниот и безбедносниот дискурс во Северна Македонија. Овие појави беа особено изразени во контекст на политичката поларизација, застојот во европската интеграција и чувствителните меѓуетнички и идентитетски прашања.

Во јавниот простор беа забележани координирани комуникациски обрасци што се потпираа на анти-ЕУ и анти-НАТО пораки, релативизирање на демократските стандарди и промовирање на наративи за „неуспехот на Западот“, што кореспондира со познати модели на руско стратешко влијание во регионот на Западен Балкан. Овие наративи се ширеа преку комбинација од маргинални медиуми, социјални мрежи, а во одредени случаи и преку изјави на јавни личности и политички актери, што дополнително ја замаглуваше границата меѓу слободниот политички говор и организираното дезинформирање.

Особено проблематично беше што дел од овие пораки се појавуваа во моменти на зголемена општествена чувствителност – како по трагедијата во Кочани или во периоди на економска и енергетска нестабилност – кога јавноста е поподложна на манипулативни содржини. Дезинформациските кампањи често се фокусираа на:

  • дискредитирање на институциите и медиумите;
  • поттикнување недоверба кон граѓанското општество;
  • продлабочување на етничките и политичките поделби;
  • и релативизирање на одговорноста за системските пропусти

Во ваков контекст, пропагандата и дезинформациите не претставуваа само медиумски или комуникациски проблем, туку директен предизвик за демократската отпорност, јавната доверба и стратешката ориентација на државата. 2025 година ја потврди потребата од системски пристап што ќе ги поврзе медиумската писменост, институционалната транспарентност и соработката со граѓанското општество, како клучни алатки за заштита од надворешно влијание и зајакнување на демократските процеси.

ЦИВИЛ преку својот систематски мониторинг и серија извештаи за рано предупредување објави анализи за информациската војна и пропагандните операции што го таргетираат јавниот дискурс во Северна Македонија. Овие извештаи, реализирани во рамките на проектот „Демократски навигатор“, ги мапираат актерите, каналите и наративите што придонесуваат за засилување на руското и сличните влијанија врз медиумите и политичкиот простор во земјата и пошироко низ регионот (во еден од нив, на пример, се анализира „екосистемот на информациската војна“ со индикатори за рано предупредување и контрамерки за зајакнување на отпорноста на институциите. Друг извештај од сериската анализа укажува на засилена фреквенција на пропагандни наративи во македонските медиуми во пресрет на изборите, со белешки за стратегиските канали и содржини што ја еродираат јавната доверба и обликуваат политички наративи (основно врз база на мониторинг на хибридните закани. 

Албанскиот политички кампус и состојбите во ВЛЕН

Албанскиот политички кампус во 2025 година беше обележан со значајна реконфигурација. Во извршната власт учествуваше коалицијата ВЛЕН, составена од Алијанса за Албанците, Движењето БЕСА Алтернатива Демократско движење

Истовремено, ДУИ делуваше како опозициска партија и го насочи своето политичко дејствување кон критика на владините политики, особено во делот на европската интеграција и меѓуетничките односи.

Во текот на годината, ВЛЕН се соочи со внатрешни превирања, меѓу кои особено значајно беше отцепувањето на Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците, од коалицијата. Овој потег доведе до редефинирање на односите во рамките на коалицијата и отвори прашања за нејзината кохезија и стабилност.

Паралелно со тоа, во рамките на ВЛЕН се интензивираа дебатите околу најавата за воспоставување еден лидер на целата коалиција, што создаде дополнителни тензии меѓу партиите членки и ја истакна потребата од појасна институционална и политичка координација.

Внатрешните поделби и нерешените прашања за лидерството имаа потенцијално негативно влијание врз ефективноста на ВЛЕН како владин партнер и врз пошироката политичка стабилност.

Демократски стандарди и јавен дискурс

Во текот на 2025 година, прашањата за владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата останаа во фокусот на јавните политики. Медиумската сцена беше плуралистичка, но силно поларизирана, а граѓанското општество активно ги следеше институционалните процеси.

Активниот граѓански надзор бара поголема транспарентност, но политичката поларизација го ограничуваше конструктивниот демократски дијалог и долгорочната реформска стабилност.

2025 година во Северна Македонија претставуваше период на зачувана институционална стабилност, но ослабен реформски капацитет, под влијание на изразена политичка поларизација, сложени коалициски односи и сериозни општествени потреси.

Трагедијата во Кочани функционираше како критичен момент на колективно соочување со системските слабости, особено во делот на јавната безбедност, превенцијата и владеењето на правото. Иако институциите реагираа по настанот, долготрајните структурни проблеми останаа недоволно адресирани.

Економската несигурност и продолжениот застој во европската интеграција дополнително го намалија јавниот оптимизам и ја засилија перцепцијата за ограничена институционална ефикасност. Во таков контекст, демократските процеси продолжија да функционираат, но со намален капацитет за консензус, стратешко планирање и долгорочни реформи.

Во текот на 2025 година,  јасно се покажа дека клучните предизвици не се поврзани само со политичките актери, туку со системската способност на институциите да делуваат транспарентно, одговорно и координирано, особено во услови на криза. Ова ја постави 2025 година како пресвртна точка во однос на јавната доверба, демократските стандарди и европската перспектива на државата.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

2025 Дијана Тахири преглед
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
ФОКУС
December 30, 2025

Москва: Поради украински дронови големи делови од градот останаа без струја

ВЕСТИ December 30, 2025

Масовен прекин на електричната енергија го погоди Московскиот регион оставајќи стотици илјади жители без струја,…

Трамп: Уништивме голем магацин – САД извршија копнен напад врз Венецуела  

December 29, 2025

Сведочења: Судењето за дискотеката „Пулс“ денеска

December 29, 2025

Трамп по средбата во Флорида: Донбас останува “трнлива тема“

December 29, 2025
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.