НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија го почнува скрининг процесот – ЕУ ќе постави дијагноза до каде сме и што треба да правиме

0
By Sashko on September 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Брисел денеска официјално почнува скринингот за усогласеноста на македонското законодавство со законодавството на Европската Унија (ЕУ). Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека скрининг процесот практично е фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. Тој повика на неопходноста за ставање градење на градењето на консензус за продолжување на европските интеграции, за уставните измени и на кој начин може и опозицијата да се вгради во процесот на преговори и процесот на евроинтеграција.

Маричиќ очекува скринингот да заврши во ноември во 2023 година. Во однос на уставните измени, кои се неопходни за отворање на кластерите, вели дека тоа воопшто нема да биде лесен процес и оти од нас зависи кога ќе продолжиме со евроинтеграциите. Дециден е дека веќе нема условувања или дополнителни нови услови од која било држава членка, вклучувајќи ја и Бугарија, туку јасно се дефинирани условите под кои ги водиме преговорите и под кои услови ќе го продолжиме после скринингот. Нагласува дека во компромисот со Бугарија имаме доволно гаранции и за нашиот идентитет и за нашиот јазик и нема никакви шанси, ниту прилика да се случи каква била асимилација или бугаризација.

„Скринингот е практично задолжителен дел на преговорите. Тоа не е нешто ново и не е нешто што се прави само за нас. Сите држави, особено во последниот период коишто имаа или имаат активни процес на преговори, поминаа низ овој процес на скрининг“, вели Маричиќ за МИА.

Тој потсети дека скринингот се состои од две фази, едната е билатерален, другиот е објаснувачки.

„Првиот е практично воведниот и е објаснувачки што ние делумно го поминавме во 2018 и во 2019 година и практично сега не почнуваме од нула, туку продолжуваме каде што застанавме тогаш. Во објаснувачкиот скрининг се претставуваат актите и стандардите на ЕУ што ние треба да ги прифатиме за да станеме членка на ЕУ и сето она што е во изминатите три години ново како европска регулатива ќе ни биде претставено, презентирано во објаснувачкиот скрининг. Веднаш потоа ќе настапи билатералниот скрининг, дел од нив ќе течат и паралелно. Во билатералниот скрининг веќе ние имаме поголема улога, односно државите членки на ЕУ и Европската комисија ќе ни поставуваат прашања нас, а ние ќе презентираме колку сме усогласени во определени области, во сите области и колку време цениме дека ќе ни треба за да целосно се усогласиме“, појасни Маричиќ.

Според вицепремиерот, ние имаме некоја проценка дека досега сме усогласени околу 40 отсто, значи скоро половина, а тоа значи, вели, дека сме ги искористиле добро овие 17 години чекање за да ги почнеме преговорите и во некои области сме на исто ниво или на подобро ниво од државите кои веќе преговараат со години како Србија и Црна Гора.

„Затоа мислам дека овој скрининг е многу важен за да ја држиме нашата администрација во кондиција, но и целото општество со сите експерти, со цел граѓанското општество, академската јавност, бизнис заедницата да бидат активни да го следат скринингот и да учествуваат во него. Тоа е многу важно затоа што од скринингот ни зависат како ќе изгледаат листата на задачи, репер и мерила, бенч маркови коишто ќе важат за сите поглавја и за сите кластери. Практично скринингот е таа фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. И затоа мислам дека овие денови ги составуваме и тимовите, од четврток започнува – денеска практично започнува скринингот и ги тераме дел по дел, фаза по фаза за сите поглавја, очекуваме да заврши во ноември во 2023 година. Тоа е планот што заедно го направивме со Европската комисија“, рече Маричиќ.

Во однос на тоа дали се очекуваат потешкотии во некои области во усогласувањето на законодавството и каде имаме слабости, Маричиќ вели дека многу работа не очекува во вториот кластер – Внатрешниот пазар, а исто така и во првиот, којшто е најважен, а тоа се Темелните вредности.

„Кластерот Темелни вредности, прв се отвора, последен се затвора, отворен е низ целите преговори и напредокот во тој кластер го диктира напредокот во другите кластери. Но, мислам дека во Внатрешен пазар имаме многу работа и во конкурентност и иновации исто така, кај Зелената агенда, тоа е многу скап кластер што бара многу инвестирање во животната средина и технологии што се позитивни кон животната средина. Во кластерот Земјоделие таму имаме цел еден битен дел и за државна помош и за субвенции, но и за стандардите во земјоделието и мислам дека секаде имаме многу работа, но Внатрешен пазар ќе ни треба најмногу“, оценува вицепремиерот за државната новинска агенција.

Вицепремиерот во однос на прашањето за референдум вели дека треба разумно да се погледне.

„На ова прашање вака формулирано и во овој момент не е потребен референдум, особено затоа што тоа чини осум милиони евра самото организирање на референдум, што во услови на криза не ни е потребно, во услови кога ни претстои зима за која што се бориме да имаме редовно снабдување, понормални цени за сите оние клучни продукти како струја, гас итн.“, рече Маричиќ.

Затоа сметам, додава Маричиќ, дека политичарите треба да си ја преземат одговорноста и да излезат пред граѓаните да објаснат зошто и како ќе ја поддржат или нема да ја поддржат нашата европска интеграција и продолжувањето на преговорите.

„Во компромисот со Бугарија имаме доволно гаранции и за нашиот идентитет и за нашиот јазик и нема никакви шанси ниту прилика да се случи каква била асимилација или бугаризација како што велат затоа што знаеме кои сме и што сме. Влегуваме самоуверено во преговорите и имаме јасна цел – да станеме членка на Европската Унија како држава, како Северна Македонија и тоа да го направиме како Македонци со заштитен идентитет и јазик“, порача Маричиќ.

Она што го немаме завршено, додаде тој, и на што треба да работиме се реформите што ќе нè доведат до стопроцентна усогласеност со ЕУ и што нема да се сведат само на законодавство, туку и на пракса и имплементација.

„Затоа мислам ако работиме интензивно и ако работиме како што треба соодветно без губење време сосема е изводливо нормално зависно од желбата и на Европската Унија, односно спремноста да прифати нови членки сосема е изводливо до крајот на оваа декада да бидеме членка на Унијата“, оцени Маричиќ.

Северна Македонија доби едногласна одлука за почеток на преговори уште во март во 2020 година, но Бугарија го блокираше нивното отпочнување поради билатерални историски и јазични прашања. По прифаќањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ и по потпишувањето на билатералниот Протокол на 17 јули 2022 година од страна на шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, е усвоена и Преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ. На 19 јули се одржа и Меѓувладината конференција на политички состанок помеѓу ЕУ и Северна Македонија, а веднаш беше означен и почетокот на скрининг процесот со првите општи напомени за неговиот тек и нацрт Календар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.