Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија на 87. место според извештајот „Среќата во светот 2023“ на ОН, Финска е најсреќна

0
By Ана Василевска on March 20, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од вкупно 137 држави, Северна Македонија се најде на 87 место на новиот извештај „Среќата во светот 2023“ кој го објавуваат Обединетите Нации. Според извештајот, нашата држава е на последното место на Балканот и меѓу најнесреќните држави во Европа.

Индексот ги мери субјективните чувства на граѓаните, преку визуелната „Скала на Кантрил“,  прашање за тоа колку тие се чувствуваат среќни и зошто. Секоја година, луѓето низ светот за потребите на оваа анкета одговараат на прашањето каде тие лично сметаат дека се наоѓаат, според моменталната ситуација во животот на скала од 0 до 10.

Од земјите околу нас, најдобро рангирана е Словенија (22 место), Косово (34), Србија (45), Хрватска (48), Грција (58), Црна Гора (67), Босна и Херцеговина (71), Бугарија (77) и Албанија (83). Во Европа полош резултат имаат само Грузија (90 место), Украина (92) и Турција (106).

Извештајот оваа година ги рангираше државите според тригодишен просек, а нашата држава за периодот 2020-2022 година има просечен резултат од 5,254.

Најсреќна држава во светот и оваа година е Финска, која има просечен резултат од 7,804. Зад неа се Данска, Исланд, Израел и Холандија, а најнесреќна држава за 2023 године е Авганистан, со просечен резултат од 1,859.

Помеѓу најнесреќните држави се и и Либан, Сиера Леоне, Зимбабве и Демократска Република Конго.

Извештајот „Среќата во светот“ што ОН го објавува на 20 март – Меѓународен ден на среќата, се објавува 11 година по ред.

Индекс на среќа на ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.