Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија на рангирањето на „Номад капиталист“ според пасошот е на 82-ра позиција меѓу 199 земји

0
By Mirjana on March 30, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија е на 82. место, кое го дели со Црна Гора, на листата од 199 земји  според „Индекс на пасоши Номад 2022“ објавен од консултантската компанија за даноци и имиграција „Номад капиталист“. Битно е да се спомене дека овој индекс во своето бодирање ги додава оданочувањето, глобалната перцепција, можноста за добивање двојно државјанство и личната слобода.

Оваа позиција на македонскиот пасош му дава 78,50 поени а овозможува да се патува во 125 земји. За глобалната перцепција на земјава и за слободата на медиумите сме освоиле 20 односно 30 поени. 

На списокот пред нас од регионот се Хрватска, Бугарија и Словенија. Со полош ранг од нас се Црна Гора и Албанјија.

Луксембург е на првото место. 

– Мислам дека не е важно патувањето без визи – изјави извршниот директор на „Номад“, Ендрју Хендерсон додавајќи дека  „американските и канадските пасоши се слични во однос на моќта на патувањето, меѓутоа, ако сте Американец, подлежите на даноци без разлика каде живеете, така што тие два пасоша не треба да се рангираат еден покрај друг“, смета првиот човек на „Номад капиталист“.

Ова се критериумите на методологијата според која е правено истражувањето.

Првите 10 на ранг-листата останаа непроменети во однос на минатогодишното истражување а разликата од половина поен меѓу првото место – Луксембург и второто место – Шведска е намалена поради „една виза за дополнителна земја“, рече Хендерсон.

На листата која може во целост да се најде ТУКА,  најлошо  рангирана е Авганистан со само 20 поени.

(М.Т.)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Македонија според „Номакд Капиталист “ на 82 позиција од 199 земји
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.