Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија најотпорна кон странско влијание во Западен Балкан

0
By Ivana on November 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Евро – Атлантскиот Совет на Северна Македонија беше дел од новото опширно
истражување на ГЛОБСЕК поддржано од Стејт Департментот на САД кое ги
анализираше точките на ранливост кон странско влијание во осум држави од
Централна Европа и Западен Балкан: Северна Македонија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Словачка.

Студијата ја оценуваше ранливоста на овие држави преку пет области: јавни ставови,политички пејзаж, јавна администрација, информациски пејзаж и граѓански и академски простор, со посебен фокус на активностите на Русија и Кина.

Важноста на индексот на ранливост добиен од истражувањето ги надминува регионите на Централна Европа и Западен Балкан затоа што укажува на конфронтацијата помеѓу Западот, Русија и Кина во овој стратешки важен дел од светот – географски периферни членки на ЕУ и НАТО или земји во нивното соседство кои се стремат кон членство или партнерство со овие структури.

Странските малигни активности претставуваат воедно причина, но и последица на слабите и ранливи општества и влади. Оваа студија покажува како различни фактори, вклучително и домашните актери и политики играат силна улога во градењето отпорност кон странско влијание.

Резултатите од индексот на ранливост покажаа дека членството во меѓународните структури (ЕУ и НАТО) придонесува кон поголема отпорност од перспектива на заеднички политички решенија и колективна одбрана, но и дека разликите во квалитетот на јавната администрација, законодавството или заштитата на изборниот интегритет придонесуваат кон ранливостите на опфатените држави.

Една од димензиите кои беа во центарот на ова истражување се ставовите на јавноста која се покажа како најранлива меѓу петте анализирани димензии. Пансловенското единство, јазичната блискост, заедничката историја и културните врски се важни фактори кои влијаат на ранливоста на општеството во Србија, Бугарија, Црна Гора и Словачка.

Антилибералните ставови засилени со интензивни дезинформацики кампањи
спроведени од актери кои наводно ги штитат „традиционалните вредности“ значително влијаат врз општествената поларизација, што е клучен извор на ранливост во Унгарија, Црна Гора и Северна Македонија.

Ваквите ставови често произлегуваат од широко распространето незадоволство и разочарување од тоа како функционира демократијата во сите анализирани земји. Овие фактори, во комбинација со зголеменото државно влијание врз медиумите во некои земји, ги туркаат луѓето кон дезинформации и им даваат предност на авторитарните системи на управување.

Присуството на дезинформации во онлајн и во офлајн информативниот простор е во директна корелација со присуството и влијанието на про-Кремлинските актери и наративи во медиумите во регионот, според резултатите од ова истражување.

Според истражувањето, про-Западните сили во Република Северна Македонија се најголемите двигатели на позитивни промени и реформи. Индексот на ранливост ја класифицираше Северна Македонија како најотпорна од анализираните земји од Западен Балкан. Македонското општество, сепак, го карактеризира поларизација во антагонистички политички кампови и останува ранливо кон странско влијание.

Информативниот простор во државата во голема мера е подложен на странско
влијание преку одредени програми и поединци кои ги промовираат интересите на Москва. Медиумскиот пејзаж дополнително страда од недостаток од диверзитет во информирањето и е подложен на дезинформации и манипулација.

Од друга страна, политичкиот пејсаж во државата е во голема мера отпорен на
странско влијание. И покрај присуството на политички актери кои им служат на
интересите на Москва и Пекинг и растечката фрустрација во општеството по бројните неуспеси во процесот на пристапување во ЕУ, политичките елити остануваат посветени на членството во евроатлантските структури.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.