Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Со политики за инклузија на лицата со попреченост создаваме општество во кое различностите се почитуваат и вреднуваат

0
By Ivana on December 2, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преку сеопфатни политики и мултинституционален пристап градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост ќе имаа еднаков пристап за напредок и развој. Создаваме услови за нивна целосна инклузија во областа на образованието, здравството, локалните услуги, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, во денешното обраќање на меѓународната конференција за демографска отпорност што се одржува во Софија, Република Бугарија, во организација на УНФПА и Владата на Република Бугарија.

Министерката Шахпаска презентираше дел од проектите на Министерството за труд и социјална политика во насока во делот на инклузијата на лицата со попреченост, но и политики за спречување на сите форми на дискриминација, спречување на насилството врз жените, како и унапредување на родовата еднаквост.

„Ја намаливме границата за лична асистенција. Сега право на личен асистент имаат лицата со попреченост од 6 до 64 годишна возраст. На тој начин овозможуваме лицата со попреченост да ги извршуваат секојдневните активности и да бидат активно вклучени во секојдневието. Ја изработивме и апликацијата Аудио – читач, која на  слепите и на лицата со оштетен вид им овозможува пишаниот текст  да го слушнат и разберат во аудио верзија. Градиме инклузивни градинки, ги вклучуваме сите деца во предучилишното образование. За оние кои се грижат за своите најблиски, а кои се лица со попреченост државата ја надополнува втората половина од платата доколку работат со скратено работно време, а за оние над 64 години возраст обезбедуваме еден вид на пензија, со цел да имаат економска сигурност“, истакна министерката Шахпаска.

Таа информираше дека социјалните услуги како што се помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот ја примаат 900 корисници на територијата на целата држава од страна на 300 негователи.

„Со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, за прв пат го воведовме родовиот идентитет и сексуалната ориентација како основи за дискриминација. Интензивно работиме на имплементација на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, а подготвуваме и сосема нов Закон за родова еднаквост. Со овој Закон ја зајакнуваме положбата и статусот на жените во општеството, преку три нови механизми и тоа Совет за родова еднаквост, Секретаријат за родова еднаквост и Ресурсен центар“, нагласи министерката Шахпаска.

На конференцијата, насловена „Обликување на европската демографска иднина“, главна тема  беше демографската отпорност во услови на големи демографски промени. На конференцијата се разговараше за родовата еднаквост како и за креирање и имплементирање на родово одговорни политики како клучен елемент во развојот на сеопфатен одговор на демографските промени.

Во рамки на Меѓународната конференцијата министерката Шахпаска имаше средби и со Галаб Донев, вице-премиер за економски и социјални политики и министер за труд и социјална политика во Бугарија, Наталија Канем, извршна директорка на УНФПА, како и со Алана Армитаж, директорка на регионалната канцеларија на УНФПА за источна Европа и централна Азија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.