Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Со Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 ќе овозможиме еднаква видливост на жените и мажите

0
By Ivana on December 24, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 ќе се воспостави сеопфатна рамка на активности за унапредување на родовата еднаквост и статусот на жените, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на јавната дебата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Таа посочи дека целта на Стратегијата е да обезбеди  потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење.

– Визијата за родова еднаквост значи еднаква видливост на жените и мажите. Еднаква плата за вршење на исти работни задачи со исти образовни и професионални квалификации. Ова е важен предуслов за економски развој на една земја. Многубројните  меѓународни анализи и истражувања покажаа дека токму државите со повисок степен на родова еднаквост се и економски поуспешни земји. Концептот едно општество за сите подразбира дека жените и мажите треба да имаат еднакви права, на човечки, социјален, економски и културен развој, како и еднакво учество во граѓанскиот и политичкиот живот, рече министерката Шахпаска, информираат од нејзиниот кабинет.

Според Шахпаска со Стратегијата, Република Северна Македонија се стреми кон унапредување на состојбата на родовата еднаквост во 13  области, меѓу кои и сузбивање на стереотипите и насилството кон жените, креирање на политики и мерки за вработување. Таа оцени дека овој документ значи започнување на нов циклус на работа во кој сите треба активно да придонесуваме. Стратегијата се носи во пресрет на новиот Закон за работни односи.

-Со новиот Закон за работни односи креираме и политики кои го регулираат родителското отсуство и за прв пат со новиот Закон за работни односи воведуваме родителско отсуство за таткото. Креираме политики и за флексибилно работно време, работа со скратено работно време, работа од дома, работа од далечина, заштита на работното место, рече Шахпаска

Во програмата за работа 2020-2024, се вели во соопштението, Владата се залага и за зајакнување на жените во економијата и земјоделството како и вреднување на лидерските потенцијали на жените. Во таа насока донесени се Законот за спречување и заштита од дискриминација. Целта на Владата за наредниот период е внесувањето на родовиот концепт во буџетските политики кои водат кон креирање на родово сензитивен буџет, од кој имаат еднаква придобивка и мажите и жените.

Стратегијата за родова еднаквост 2021 – 2026, стои во соопштението, ја има поддршката од меѓународните организации УН Women, УНФПА, Mисијата на ОБСЕ, УНДП. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

ВЕСТИ November 7, 2025

Шестмина мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во…

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.