Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска-Танги: Со социјалната реформа градиме социјална заштита според европски стандарди, за Македонија е многу значајно искуството на Франција

0
By Ivana on December 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со пратеничката и заменик претседателка на Комисијата за европски прашања во Националното Собрание на Франција, Лилиана Танги и францускиот амбасадор Сирил Бoмгартнер.

На состанокот се разговараше за политиките што двете држави ги водат за спречување и заштитата од насилство врз жените и семејно насилство, како и за поддршката што двете држави ја даваат за лицата со попреченост.

Министерката Шахпаска информираше дека со новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, вградени се принципите од Истанбулската конвенција и се овозможува системски пристап во заштитата на жените и децата од насилство.

„Ова законско решение предвидува мултисекторски пристап на институциите, кои заедно со граѓанскиот сектор се од клучно значење за  препознавањето, превенцијата и заштитата од насилство врз жените и семејното насилство. Дополнително воспоставивме систем за реинтеграција на жртвите на насилство. Од ова законско решение произлезе и воспоставувањето на Националното координативно тело, чија работа ја координира МТСП и има задача да предлага мерки за унапредување на превенцијата и заштитата од насилството врз жените и семејното насилство,  но и да го следи спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа“, нагласи министерката Шахпаска.​

Таа информираше за социјалната реформа, со која се воспоставија и нови услуги, како помош и нега во домот, одмена на семејната грижа, но и обезбедување на лични асистенти за лицата со попреченост од шест до 65 години.

Француската пратеничка Танги истакна дека законските решенија и политики на двете земји имаат многу сличности и изрази задоволство од политиките што ги спроведува Северна Македонија во социјалната сфера.

Преку конкретни примери Танги направи споредба за сличности во социјалната политика на двете земји.

Министерката Шахпаска оцени дека искуството на Франција е многу значајно за Република Северна Македонија. 

Двете соговорнички разговараа и за деинституционализацијата и воспоставувањето на новите форми на живеење со поддршка, но и за новините во делот на породилното отсуство коишто се предвидени во работната верзија на системскиот закон за работни односи, со кој се предвидува и татковско отсуство.

Целта на неколкудневната посета на Танги во нашата земја е и нејзиното обраќање  во рамки на проектот TAIEX на Европската Унија, чија цел е зајакнување на меѓупарламентарната соработка која придонесува за процесот на европска интеграција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.