Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска – Тавила: Со добра хармонизација на здравствената и социјална заштита граѓаните добиваат поголема правичност и еднаквост во пристапот до услугите

0
By Ivana on November 16, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставничката на СЗО во Северна Македонија, Жихан Тавила, шефицата на Европската Канцеларија на СЗО во Венеција, Италија Крис Браун  и останатите соработници.

Тема на средбата беше справувањето со социо-економските нееднаквости  при пружање на здравствените услуги на граѓаните. Акцентот беше ставен на меѓуинституционалната соработка и размената на податоци како особено значајни во креирањето на мерки за ранливите категории граѓани.

Министерката Шахпаска истакна дека на почетокот на пандемијата Владата постави два клучни прииоритети, зачувувањето на секое работно место и помош и поддршка за ранливите категории на граѓани. Шестте пакети економска помош беа креирани со цел да одговорат на потребите на граѓаните и компаниите кои беа најмногу погодени од  пандемијата. А дополнително беа олеснети и критериумите за влез во системот на социјална заштита, со цел да им се излезе на пресрет на граѓаните полесно да го пребродат кризниот период.

„Успешноста на социјалната реформа не е во тоа што повеќе граѓани да бидат регрутирани  во системот на социјална заштита, туку да ги активираме на пазарот на труд, преку изработка на индивидуални планови на Агенцијата за вработување и центрите за социјална работа. Дека Оперативниот план на активни мерки и програми е успешен говорат и бројките од 94% реализација за минатата година и досегашните 87% реализација за оваа година,“ рече министерката Шахпаска.

Таа потенцираше дека фокусот на работењето на  Министерството за труд и социјална политика се ранливите категории на граѓани и обезбедувањето на помош и поддршка согласно нивните потреби. Во таа насока министерството работи на поголема достапност на социјални услуги на локално ниво, изградба на детски градинки во рурални средини, активација на тешко вработливите членови од семејствота на пазарот на труд, поддршка на старите лица, унапредување на правата на лицата со попреченост, родова еднаквост, формализација на неформалните работни места.

Претставничката на СЗО во Северна Македонија, Жихан Тавила изрази задоволство од дискусијата со министерката Шахпаска, на која беше  истакната  важноста на социјалната агенда и на реформите во социјалната сфера за здравјето и правичноста во однос на пристапот до здравствени услуги за целото население.

„За да имаме добри политики засновани на докази, надзорот над правичноста во поглед на здравјето е од круцијална важност и треба да претставува дел од Националната стратегија за развој. СЗО, заедно со националните партнерски агенции и соодветните министерства, ќе ја поддржи изработката на национална рамка за надзор над правичноста во поглед на здравјето,“ истакна д-р Жихан Тавила, претставничка на СЗО во Северна Македонија.

Соговорничките изразија уверување дека со добра хармонизација на здравствената и социјална заштита значајно ќе се допринесе во создавање на поголема правичност и еднаквост во пристапот на услугите за граѓаните.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.