Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска во Тирана: Преку младинските политики ја намаливме невработеноста на младите од 43,2 на 28,3 проценти

0
By НОВА ТВ on October 8, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преку Младинската гаранција и другите младински политики ја намаливме невработеноста кај младите од 43,2 на 28,3 проценти, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во обраќањето на 7. Форум за поврзување, што се одржува во Тирана под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“.

На панелот „Што има за младите во Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан“, Шахпаска се осврна на искуствата што Северна Македонија ги има во дизајнирањето и имплементирањето на политиките насочени кон подобра интеграција на младите на пазарот на труд.

– Од почетокот на 2018 година, кога го започнавме проектот „Младинска гаранција“ се до денес, во оваа програма успеавме да вклучиме 66.000 млади лица. Од нив, 20.750 беа вработени во период од четири месеци по регистрацијата, додека 3.350 беа вклучени во активните мерки за вработување. Овие бројки покажуваат навистина успешна реализација на „Младинската гаранција“. Од друга страна, бележиме значајно зголемување на младинската вработеност, додека младинската невработеност од 43,2 проценти во 2015 година се намали на 28,3 проценти во вториот квартал на 2021 година. Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата на Република Северна Македонија, кои се однесуваат на младите даваат резултати, рече Шахпаска.

Таа ја нагласи потребата од интензивирање на регионалната соработка во справувањето со предизвиците со кои се соочуваат младите во сите земји во регионот, особено во делот на вработеноста, вклученоста и одржливата интеграција на пазарот на трудот, градењето на соодветни вештини и искуство.

Учесниците на панел дискусијата, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, побарале од министерката Шахпаска да сподели дел од научените лекции и совети, што земјава ги стекнала при имплементирањето на „Младинската гаранција“. Предуслов за успешна Младинска гаранција, како што истакнала Шахпаска, е младите да добијат навремени и точни информации за Младинската гаранција, за можностите што оваа програма ги нуди, како и за придобивките што може да ги имаат од вклучувањето во оваа програма.

– Од клучно значење е да бидат вклучени и консултирани младинските организации од самиот почеток, од моментот на креирање на програмата. Вклучувањето на младинските организации и партнерскиот пристап, работата на терен се важни за да се опфатат што е можно повеќе млади лица, истакна Шахпаска.

На панел дискусијата присуствуваа претставници на младински организации од Албанија и од Босна и Херцеговина, како и од РИКО – Регионална младинска организација за соработка кои ја истакнаа потребата од имплементирање на младинската гаранција во сите земји од регионот, но и потребата младите да бидат вклучени во креирањето на политиките, особено на оние кои се однесуваат на нивната иднина.

Годинашниот форум во Тирана е дел од официјалниот календар на настани во рамки на словенечкото Претседателство со Европската унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.