Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шарена револуција: Поддршка за протестите и од најстарите генерации

0
By Влатко Чаловски on May 31, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата, столбовите од новата барокна ограда, Министерството за правда, Народната канцеларија на Претседателот и Собранието беа цел на чаталот со кој Шарената револуција денеска го започна и го финишираше протестот.

„Ќе се чаталиме до слобода“ гласеше мотото под кое поворката од Специјалното јавно обвинителство, маршираше до Илинденска каде што е седиштето на власта. со два импровизирани чатали, обоена беше барокната зграда, а т.н “командоси“ на Шарената револуција со нови пластични пушки ги обоија барокните столбови.

Таквиот чин беше поздравен со овации од страна на сите присутни на протестот.

Додатна количина боја беше фрлена и врз веќе обоената зграда на Министерството за правда и Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.

Пред присутните на бина поставена пред Собранието, денеска говореа Михаела Ивановска, како и Претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски.

Ивановска набројуваше што се поминало и било дозволено од страна на власта и на што се спротиставуваат граѓаните, додека Бочварски порача дека работите ќе се менуваат тогаш, кога ќе се смени и оваа гарнитура која владее 10 години.

Протестот исто така беше и во знакот на возачот на пик-апот на „Шарената револуција“, Џовани, кој беше повикан на распит во полициската станица „Пролет“ поради учество во протестите и со сомнение за кривично дело “оштетување туѓи предмети“

Возилото инаку и денес во 18 часот пристигна пред зградата на СЈО, по вчерашните случувања.

Посебен момент и скандирања пред Собранието се одбележа кога 87-годишна постара госпоѓа се појави на протестите и со боја во раката демонстрираше дека и таа е припадничка на Шарените.

За нејзиното појавување на протестот во ова видео, додека утре во рубриката „Зошто протестирам?“ на НОВА, и нејзина изјава.

Денешниот протест заврши пред Собранието, каде што врз фасадата беа фрлени уште неколку балони со боја, кои продолжуваат и утре по собирот пред СЈО во 18 часот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.