Шефовите на дипломатии на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) вечерва едногласно ги договорија новите санкции кон Русија по синоќешната одлука на официјална Москва да ја признае независноста на двата сепаратистички региона во источна Украина, Доњецк и Луганск, јави шефот на француската дипломатијам Жан-Ив Ле Дриан, пренесе агенцијата ДПА.
Го поздравувам договорот на членките на ЕУ за новите санкции против Русија, која создаде криза и одговорна е за ескалацијата. Наскоро ќе го финализираме пакетот санкции во соработка со партнерите, изјави шефицата на ЕК.
Претходно, шефот на европската дипломатија Жосеп Борел најави дека санкциите против Русија ќе бидат тешки и „силно ќе ја здоболат Русија“.