Малограѓанските, да не речам сељачките третмани на државни функции и функционери и нивните трошоци, ме тераат на повраќање. Муабетите (индициите, ТМ) на чија сметка се вратил амбасдорот во Македонија за да посети тешко болен член на семејството или самиот да дојде на операција затоа што државата не му плаќа здравствено за да се оперира во Њујорк, со јасно обвинување дека така ја оштетува државата, е под секое ниво.
Бранко Тричковски
Муцунски: За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест цифри во евра.
Тричковски: Дир, Тим Чо, ако си оставил простор надлежните институции да се произнесат за твоите индиции, зошто не си успеал да одолееш на предизвикот да кажеш нешто глупаво и шупливо, но доволно возбудливо за јавноста чија глад подобро ќе ја задоволи јавната дискредитација на позната личност, отколку печеното прасе за Божик.
Не е убаво така.
Си се залетал и со цифрите.
Еве шест цифри во долари до кои дојдовме во Офаманаман:
За едната цифра знаеме дека е 45 долари, вторате е за две парчиња пица во износ од 21 долар, третата е за билет за метро, четвртата цифра е за апчиња за глава (35 долари) петата е за концерт на Брус Спрингстин, 80 долари, и шестата цифра е за бурек во Гриниџ Вилиџ, цена 1.60 за четврт со урда.
Тоа се шест цифри во долари.
Јас знам дека ти си сакал да кажеш шестоцифрен износ во евра, но веројатно ти се причинило дека шест цифри во евра подобро ќе ја покренат фантазијата на јавноста која за толку цифри сместа ќе ја побара главата на професорот.
Тоа е.
Пред некој ден напишав дека никој од Злосторничката инсталација на вмро, па ни Тим Чо, нема морални и правни, за интелектуални да не зборуваме, капацитети, да спроведува истраги против кого било. Нема право да постои како политички и правен субјект. Тоа е како кога пљачкашите на банка ќе го обвинат директорот дека му фалат некои цифри во сефот.
Фино ти одговорил професорот: истрагата не смее да биде вмровска, туку, ако веќе сте решиле да ја спроведете- професионална.
Тоа во овие констелации на некаков одмазднички а не правен цунами, плус популистичка вртена пита за простиот народ, не е можна. Правната држава и вмро не можат да егзистираат истовремено, освен ако вмро не е в затвор или укинато.
П.С.
Малограѓанските, да не речам сељачките третмани на државни функции и функционери и нивните трошоци, ме тераат на повраќање. Муабетите (индициите, ТМ) на чија сметка се вратил амбасдорот во Македонија за да посети тешко болен член на семејството или самиот да дојде на операција затоа што државата не му плаќа здравствено за да се оперира во Њујорк, со јасно обвинување дека така ја оштетува државата, е под секое ниво. Чиста катастрофа за изманипулираната јавност, а за државата крупен аргумент против смислата на нејзиното постоење.
Од Фејсбук ѕидот на авторот