Кандидатот за Градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов продолжи со презентација на клучните стратешки сообраќајни проекти со кои до 2024 Скопје како што најави тој станува град со целосно решени сообраќајни проблеми.
„Денес се наоѓаме на главната градска артерија каде поминуваат 25 до 30.000 возила, а спојува четири општини, но и води до патот до Косово. Оваа раскрсница која ја паметиме по огромни гужви го добива најмодерното и најсофистицираното сообраќајно решение било кога изработено во Македонија во урбана средина“, изјави Шилегов на денешната прес-конференција.
Сообраќајот во Скопје до 2024 ќе доживее целосна трансформација. Мастерпланот кој содржи повеќе крупни сообраќајни решенија на неколку локации, а вчера го презентираше градоначалникот Петре Шилегов, од корен ќе го променат начинот и брзина на кој скопјани ќе патуваат низ главниот град.
Овие клучни стратешки сообраќајни проекти го решаваат сообраќајот во Скопје за следните 50 години и ја прават промената за која со години се зборува, додаде Шилегов.