Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Скопје ја добива најголемата пешачка зона во Европа

0
By НОВА ТВ on October 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов го претстави планот за затворање на Малиот Ринг во Скопје, со што ќе се добие најголемата пешачка зона во Европа. Тој наведе дека со затворање на улицата 11 Октомври, односно Димитрија Чуповски (од Собрание до Палома Бјанка) се добиваат 71 хектар, или 730.000 метри квадратни зона во којашто автомобилите нема да бидат присутни.

– На овој потег од улицата ќе биде овозможено движење исклучиво за автобусите на БРТ системот. Со тоа се овозможува непречено движење на пешаците од Стара Железничка се до крајот на Бит Пазар и од Собрание до крстосницата кај Палома Бјанка, изјави Шилегов.

Најголемите пешачки зони во Европа досега се во Гент (Белгија) и Портеведра (Шпанија) и зафаќаат површина од околу 50 хектари. И Барселона во Шпанија неодамна ја презентираше својата намера да затвори дел од центарот на градот со цел да направи пешачка зона од речиси 33.5 хектари.

Град Скопје го ослободува овој простор од автомобили по примерот на европските метрополи. Со воведување на ефикасен јавен транспорт каков што е БРТ системот граѓаните добиваат алтернатива за транспорт на граѓаните, а особено оние кои сакаат да стигнат до овој дел од градот. Двете линии на БРТ се преклопуваат непосредно пред пешачката зона.

– Дополнително олеснување на движењето се добива и со кружните текови кои се предвидува да се изградат во непосредна близина на зоната, со цел движењето на автомобилите полесно се дисперзира од центарот на градот. Два кружни тека се планирани пред и по надвозникот кај Црниче и Кисела Вода и третиот кај зградата на поранешна Нова Македонија, се вели во соопштението.

Беше посочено дека целта е да се дисперзира фокусот на Градот Скопје во неговиот центар, да се остави простор градот целосно да се развива, во сите негови делови. Истовремено, оставајќи простор за посетители, пешаци, велосипедисти, токму во центарот на градот, а истиот да се сочува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.